Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

10.04.2007
Бележење на објекти на даночни обврзници кои немаат обврска да издаваат фискална сметка
НЕ Е ФИСКАЛИЗИРАН И НЕМА ОБВРСКА ДА ИЗДАВА ФИСКАЛНА СМЕТКА даночниот обврзник кои согласно член 9 од Законот за регистрирање на готовински плаќања е ослободен од обврската да воведе и користи фискален апарат, односно данокот од доход за приходите од вршење на дејност го плаќа според паушално утврден нето приход.
 
05.04.2007
Со измените на Законот за УЈП - вработените во УЈП треба да добијат статус на даночни службеници
Новото законско решение ја потврдува цврстата определба на Владата на РМ за спроведување на даночните реформи предвидени и во Проектот – Модернизација на УЈП, за подигнување на степенот на професионализам, ефикасноста и ефективноста на вработените, односно изградба на дисциплиниран и модерно организиран даночен орган.
 
02.04.2007
Во врска со информациите објавени во текстот “Кој ги мрзи австријците?!“ (Капитал, стр. 13, 29 март 2007 година)
Даночниот обврзник ЕСМ не може да користи даночно намалување по основ на странски влог за 2006 година, затоа што во истата не остварил добивка, што е законски услов за отпочнување на користење на ова даночно олеснување. Законската процедура налага УЈП да издаде привремено решение со кое му одобрува на даночниот обврзник да го користи ова даночно намалување, а решението се повикува на одредбите од законот и правилникот кои ги одредуваат условите за користење на истото.
 
26.02.2007
Истекува рокот за поднесување на Годишна даночна пријава за остварени приходи во 2006
Покрај приходите остварени по основ на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност, како нови приходи кои треба да се пријават во Годишната даночна пријава за 2006 година, се и приходите стекнати по основ на авторски права и права од индустриска сопственост (пишани, театарски, ликовни дела, дела од областа на архитектурата и кинематографијата, преводи, стручни и научни предавања и слични интелектуални услуги), како и други екстра остварени приходи.
 
14.02.2007
Проект – Модернизација на Управата за јавни приходи
Проектот се реализира со финансиска помош од Холандската Влада, во висина од 2.960.000 долари, а ќе се имплементира до април 2009 во соработка со Меѓународниот монетарен и Холандското Министерство за Финасии.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија