Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
27.04.2011
Нов образец “ПДД-02“ за користење на даночно ослободување за набавени до 10 фискални апарати

Од денес/27 април 2011/, во примена е нов образец за поднесување на „Барање за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања“ (ПДД-02) кој го поднесуваат самостојните вршители на дејност за користење на правото на даночно ослободување од персонален данок по основ набавени и ставени во употреба до десет фискални апарати.
Новиот образец е објавен и може да се преземе од веб страницата на УЈП (кликни тука).

Пополнетото барање “ПДД-02“, кое е прилагодено и за компјутерски внес на податоците, се доставува до даночната канцеларија на УЈП (според седиштето на даночниот обврзник) и тоа во пресметковниот период во кој одобрениот систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања е набавен и воведен во употреба.

Правото на даночно намалување се остварува во пресметковните периоди (месеци), во утврден месечен износ, до крајот на календарската година, а доколку не биде искористено во целост, истото се пренесува во наредниот период.

За повеќе информации обратете се во Инфо центарот на УЈП на 0800 33 000.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија