Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

06.03.2012
Даночна академија - Обука за успех
Даночната Академија продолжи со имплементирање на својата годишна програма и во месец февруари преку одржување на обуки низ целата територија на Република Македонија. Во овој период во просториите на Регионалните дирекции на Управата за јавни приходи се спроведоа неколку обуки и работилници на тема: „Карактеристики на даночни обврзници и алатки за контрола“, „Даночен третман на донации и спонзорства“, „Интегриран модул за надворешна контрола“...
 
29.02.2012
Предизвици 2012 - 2014
УЈП го донесе Стратешкиот план кој ги содржи генералните насоки и мерките за периодот 2012-2014 година, а кои треба да обезбедат не само реализација на основната мисија и визија на институцијата, туку ќе претставуваат и темел за изградба на современ даночен орган со висок углед и интегритет кај даночните обврзници, домашната и меѓународната јавност - доверба во професионалноста, ефикасноста, транспарентноста и услужната ориентираност. УЈП планира пет основни развојни стратешки цели...
 
27.02.2012
Демант - “ДПА“ (Владата атакува врз бизнисот на албанците)
Во врска со изјавите на Демократската партија на Албанците (ДПА), за наводен напад на владата врз албанските бизниси, Управата за јавни приходи најостро ги демантира изнесените информации, како и обидите за политизирање и регионализација на примената на даночни закони. Со ваквите изјави, кои се штетни за легалните бизниси кои навремено и во целост ги плаќаат даноците во Македонија, не сакаме да веруваме дека оваа политичка партија ја подржува сивата економија и неплаќањето на даноците. Законите во Македонија важат за сите. Не ни е познато по која формула оваа партија препознава кој се албански, македонски....бизниси, бидејќи УЈП таква формула нема. Бизнис е бизнис, а според УЈП постојат даночни обврзници кои плаќаат даноци и оние кои не пријавуваат и не плаќаат даноци...
 
25.02.2012
Стоп на сивата економија, стоп за “плаќања под рака“!
Ако 94% од компаниите и граѓаните доброволно ги плаќаат даноците во Македонија, што со оние кои делуваат во сивата економија – што вршат “плаќања под рака“, без фискална сметка...? Засилената кампања против оние кои имаат намера да се стекнат со неправична и незаконска “предност” во однос на лојалната конкуренција, Управата за јавни приходи ја најави на почетокот на февруари, а за неполн месец по овој основ затворени се над 300 објекти низ цела Македонија. Податоците од терен покажуваат дека поголемиот дел од затворените објекти регистрираат од 50 до 60% од вистинскиот промет...
 
16.02.2012
Од денес - Поднесување на Годишна даночна пријава и преку интернет
Граѓаните од денес Годишната даночна пријава можат да ја поднесат и преку интернет http://etax.ujp.gov.mk/ Се што ви е потребно за да ги користите електронските даночни услуги е да поседувате интернет врска, е-пошта и дигитален сертификат на токен (издаден од овластена куќа). Токенот е неопходен и се користи за регистрација на системот е-Даноци, како и за електронско потпишување на даночните пријави. Ако веќе поседувате токен...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија