Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
05.08.2014
Нови шифри за поднесување на исправка на МПИН пресметка за дополнителна работа по член 121 од Законот за работни односи

Преземи го новиот клиентски софтвер (МПИН), усогласен за поднесување на пресметки за дополнителна работа (кликни тука).

Согласно член 121 од Законот за рабони односи, работникот кој работи полно работно време, може по исклучок да склучи договор за вработување со неполно работно време со друг работодавач, меѓутоа најмногу за 10 (десет) часа неделно, со претходна согласност на работодавачите, каде што е вработен со полно работно време.
Платата која работникот ќе ја оствари по основ на дополнителна работа подлежи на пресметување на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок од плата.
При пресметката на персоналниот данок од плата, основицата за пресметка не се намалува за износот на даночното ослободување, од причина што истото е искористено од страна на работодавачот/ работодавачите, каде што работникот е вработен со полно работно време.
МПИН пресметката за дополнителна работа се поднесува со вид на обврзник (110,111,112) и вид на обврска 123.

Доколку во месецот имате поднесена и исплатена МПИН пресметка со вид на обврзник (110,111,112) и вид на обврска 123 и имате потреба од корекција на податоците во наведената пресметка, во тој случај исправката на податоците се врши со поднесување на пресметка со користење на шифра за вид на обврзник (110,111,112) и шифра за вид на обврска 223.

МПИН пресметката со шифра за вид на обврзник (110,111,112) и шифра за вид на обврска 223 се понесува на следниот начин:

  • Вид на обврска (поле 1.3) шифра 223
  • Вид на обврзник (поле 1.4) шифра (110,111,112 во зависност од видот на обврзник правно лице или самовработено лице)
  • Часови за ефективна работа (поле 3.6) максимално 46 (2 часа дневно х 23 мах работни денови)
  • Прекувремени часови (поле 3.6б) нула (0)
  • Неплатени часови (поле 3.6ц) нула (0)
  • Бруто плата (поле 3.14) – се внесува вкупниот износ на бруто платата за дополнителна работа за тековниот месец
  • Придонеси од задолжително социјално осигурување (поле 3.15, 3.16, 3.40, 3.41, 3.42, 3.43, 3.44, 3.45) се пресметуваат придонесите на основица од поле 3.14
  • Персонален данок од плата (3.46)– се пресметува персоналниот данок без да се врши намалување на основицата за износот на даночно ослободување
  • Вид на стаж (поле 3.17) шифра 0057 (означува дополнителна работа за вработени по член 121 од ЗРО)
  • Ефективна нето плата (поле 3.31) – доколку исправката се однесува на зголемување на износот на бруто платата, во тој случај во ова поле се внесува само износот за доплата на нето платата, а доколку вршите намалување на бруто платата, во тој случај ова поле се пополнува со износ нула
  • Останатите полиња се пополнуваат редовно.

Доколку со пресметката со вид на обврзник (110,111,112) и шифра за вид на обврска 223 ја поднесувате за исправка на висината на бруто-платата, во тој случај во полето 3.14 се внесува вкупниот износ на платата за дополнителна работа (не само разликата) и на таа основица се пресметуваат придонесите од задолжително социјално осигурување и персонален данок.
Системот за интегрирана наплата во декларацијата за прием ќе ги прикаже претходно платените износи за придонеси и персонален данок од пресметката со вид на обврзник (110,111,112) и вид на обврска 123.
Доколку пресметените вредности за придонеси и персоналниот данок во исправката се во поголем износ од претходно платените, во тој случај автоматски ќе биде пресметана разликата за доплата.
Во спротивен случај, доколку со исправката вршите намалување на претходно платените вредности за придонеси и персонален данок, во тој случај износот на придонеси и персонален данок ќе биде порамнет на нула, а воедно ќе ви биде пресметан поврат на средства од идни уплати кој ќе го намали износот за плаќање во нареден/и месеци во пресметката со вид на обврзник (110,111,112) и вид на обврска 123.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија