Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

31.07.2012
Нови обрасци за фискализација и за ДДВ
Заради побрзо и ефикасно администрирање на барањата на даночните обврзници, УЈП воведува четири нови обрасци и тоа: 1)Барање за издавање на потврда за регистриран/нерегистриран ДДВ обврзник (образец ДДВ-БП); 2)Барање за враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ (образец БВПС/ДДВ-01); 3)Пријава за дефект на фискален систем на опрема (образец ФА-ПДФС); 4)Пријава за функционалности на фискален систем на опрема (образец ФА-ФФСО)...
 
06.07.2012
Во врска со протестите и изјавите на пазарџиите во Куманово
Во врска со изјавите на претставникот на трговците на мало на зелените пазари изнесени на денешните протести во Куманово, најодговорно тврдиме дека од последните разговори кои се водеа во 2008 година, па се до денес, од страна на ниту еден претставник, здружение или комора на трговците на пазарите официјално не е побарана средба со даночниците, во ниту една организациона единица на Управата за јавни приходи. Очигледно претставникот на пазарџиите “заборавил“ што договорил во 2008 година, бидејќи сите барања на трговците на зелените пазари од тој период, УЈП целосно ги реализира... УЈП е подготвена да одговори на сите прашања на пазарџиите, а со цел да не се манипулира со јавноста, јавно го покануваме г-динот Екрем Долек да се изјасни за времето и местото на средба со претставниците на УЈП...
 
12.06.2012
Даночна академија - Одржана обука „Регистрација на даночни обврзници, утврдување и пресметување на данок и контрола“
Скопје – Од 7 до 8 јуни 2012 година, во рамките на Годишната програма на Даночната академија, се одржа обука за „Регистрација на даночни обврзници, утврдување и пресметување на данок и контрола“, на која учесници беа 15 вработени од Министерство за финансии - Сектор за второстепена управна постапка, управни и други судски спорови...
 
08.06.2012
„Детонатор“ - 20 вработени вратени на работа
Претходно информиравме дека во функција на спроведување постапка на утврдување на директна или индиректна одговорност, и евентуална инволвираност на даночни службеници во случајот „Детонатор“, на 11.05.2012 година 24 вработени во регионалните дирекции на УЈП во Штип, Битола и Тетово беа суспендирани од работа. По спроведената постапка водена од Единицата за професионални стандарди, а во врска со утврдување на фактите и доказите за евентуалната инволвираност на даночните службеници, е одлучено 20 вработени да бидат вратени на работа...Неселективната борба против сивата економија, криминал и прекршувањето на законите, ги опфаќа и редовите на Управата за јавни приходи...
 
08.06.2012
Недозволиво е да се напаѓаат инспектори на УЈП
Во врска со последните случувања и најавените протести во Прилеп, ставот на Управата за јавни приходи не може да биде поинаков од она што е пропишано во даночните закони. „Чесно и поштено заработениот леб“ е од платени даноци, како и во секоја нормална држава. Физички напад и навреди кон вработени во УЈП...се неоправдани, недозволиви и нецивилизирани...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија