Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
13.12.2014
„Сајт на годината 2014“ - Трето место за ujp.gov.mk во категоријата на државни институции

Скопје - На манифестацијата „Сајт на годината 2014“, која се одржа на 11.12.2014 година во Македонската опера и балет, веб-страницата на УЈП www.ujp.gov.mk го освои третото место во категоријата на најдобар сајт за владини/државни институции. Во оваа категорија, второто место го освои www.dzlp.mk, а првото место www.avrm.gov.mk

Селекцијата за најдобрите сајтови е извршена од осумчлена жири комисија и интернет посетителите во сооднос 60%/40%, според технички параметри, дизајн, функционалност / употребливост, содржина, интерактивност и иновативност / креативност на номинираните веб-страници.

Доделените признанија за веб-страницата на Управата за јавни приходи, три години по ред (прво место на минатогодишната манифестација „Сајт на годината 2013“ и трето место во 2012 година), несомнено ја потврдува нашата посветеност кон негување и зацврстување на комуникациските канали со даночните обврзници и јавноста, како и обезбедување точни, навремени и корисни информации.

Организатор на манифестацијата „Сајт на годината 2014“, во која се натпреваруваа над 700 сајтови во 19 категории, е дигиталната маркетинг агенција „Media Solutions“ и системот за он-лајн реклами „Кеep an eye“, под покровителство на Претседателот на Р.Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, Министерството за култура на РМ и здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија.
За повеќе информации види http://sajtnagodinata.mk

 

      

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија