Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
Обрасци кои се поднесуваат во даден месец

ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Јануари
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        
Обрасци кои се поднесуваат во месец Јануари
Рок Образец Даночен обврзник Опис
до 10-ти во месецот   МПИН Работодавaчи Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти Јануари   ДДВ-01 Фирми и граѓани Доколку сте обврзани или пак сакате доброволно да се регистрирате за целите на ДДВ, задолжително поднесете пријава за регистрација за ДДВ на образец “ДДВ-01”.
до 15-ти Јануари   ДДВ-01Б Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност и сте регистрирани за целите на ДДВ, можете по истекот на 5 години од почетокот на регистрацијата за ДДВ, да се дерегистрирате со поднесување на образец “ДДВ-01Б”, ако ги исполнувате законските одредби за дерегистрација/прекинување на регистрацијата.
до 15-ти Јануари   ПДД-И/ЗП Организатор на зелен пазар Tрговецот кој организира зелен пазар заради пресметување на персоналниот данок на доход за 2018 година е должен до УЈП да достави Извештај (образец "ПДД/ГИ-ЗП") до 15 јануари, за корисниците на продажните места на зелените пазари
до 20-ти Јануари   ПДД-02 (со ГПРС) Фирми Ако набавите и воведете во употреба до 10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете образец “ПДД-02”, заради користење на даночно олеснување од персонален данок на доход во Годишниот даночен биланс за персонален данок на доход (образец “ПДД-ДБ“).
до 20-ти Јануари   ДД-07 (со ГПРС) Фирми Ако набавите и воведете во употреба до 10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете образец “ДД-07”, заради користење на даночно олеснување од данокот на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ“).
до 25-ти Јануари   ДДВ-04 Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
до 31-ви Јануари   ПДД-ПЗ Физички лица (земјоделци) Ако остварувате приходи од земјоделска дејност и вкупниот приход кој сте го оствариле во претходната календарска година не го надминува износот од 1.300.000 денари, поднесете Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“). Барањето за паушално оданочување се поднесува секоја година. За прва регистрација или промена на податоци или дерегистрација на даночниот обврзник, во прилог на овој образец задолжително се поднесува и образецот “УЈП-РДО/З“.
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија