Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30      
Recnik
Обрасци кои се поднесуваат во даден месец

ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Јануари
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Обрасци кои се поднесуваат во месец Јануари
Рок Образец Даночен обврзник Опис
до 7-ми во месецот   ПДД-МИ/ИС Исплатувач на добивки од посебни игри на среќа (казино, обложувалница и автомат клуб) Поднесете образец “ПДД-МИ/ИС” преку следната е-пошта info.nis@ujp.gov.mk, за исплатените приходи - добивки од игри на среќа и за пресметаниот и платен данок по одбивка за претходниот месец.
до 10-ти во месецот   МПИН Работодавaчи Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти Јануари   МДБ Фирми Немате обврска до УЈП да доставите образец “МДБ“ за извршена пресметка на месечните аконтации на данокот на добивка. Имате обврска да платите месечна аконтација на данокот на добивка доколку не сте правно лице со посебен даночен статус (Заштитно трговско друштво, стопанска единица на Казнено поправна установа или корисник на Технолошка индустриска развојна зона).
до 15-ти Јануари   ДДВ-01Б Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност и сте регистрирани за целите на ДДВ, можете по истекот на 5 години од почетокот на регистрацијата за ДДВ, да се дерегистрирате со поднесување на образец “ДДВ-01Б”, ако ги исполнувате законските одредби за дерегистрација/прекинување на регистрацијата.
до 15-ти Јануари   ДДВ-01 Фирми и граѓани Доколку сте обврзани или пак сакате доброволно да се регистрирате за целите на ДДВ, задолжително поднесете пријава за регистрација за ДДВ на образец “ДДВ-01”.
до 20-ти Јануари   ДД-07 (со ГПРС) Фирми Ако набавите и воведете во употреба до 10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете образец “ДД-07”, заради користење на даночно олеснување од данокот на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ“). Ослободувањето се остварува по истекот на годината за сите набавени и воведени до 10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања во таа година.
до 25-ти Јануари   ДДВ-04 Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
до 31-ви Јануари   ПДД-ГИ/ОЦО Фирми (исплатители) Поднесете образец “ПДД-ГИ/ОЦО” по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk, за сите исплатени приходи при откуп на цврст отпад од физички лица во претходната календарска. Исто така, должни сте на обврзникот при секоја исплата да му издадете примерок од пресметката за аконтацијата на данокот, како и збирен податок најдоцна до 25 јануари за вкупно платената аконтација во претходната година.
до 31-ви Јануари   ПДД-ГИ/ОЗП Фирми (исплатители) Поднесете образец “ПДД-ГИ/ОЗП“ по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk, за сите исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица во претходната календарска година.
до 31-ви Јануари   ПДД-ПЗ Физички лица (земјоделци) Ако остварувате приходи од земјоделска дејност и вкупниот приход кој сте го оствариле во претходната календарска година не го надминува износот од 1.300.000 денари, поднесете Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“). Барањето за паушално оданочување се поднесува секоја година. За прва регистрација или промена на податоци или дерегистрација на даночниот обврзник, во прилог на овој образец задолжително се поднесува и образецот “УЈП-РДО/З“.
до 31-ви Јануари   ПДД/ГИ-ЗП Организатор на зелен пазар Tрговецот кој организира зелен пазар е должен до УЈП по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk да достави Годишен извештај (образец "ПДД/ГИ-ЗП") до 31 јануари, за корисниците на продажните места на зелените пазари во претходната календарска година.
до 31-ви Јануари   ПДД-ГИ Фирми и граѓани (исплатители) Поднесете го образецот “ПДД-ГИ” по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk, за сите остварени бруто приходи, пресметаниот и платениот персонален данок на доход и придонеси по одбивка и за вкупно исплатените нето приходи во претходната календарската година. Исто така, должни сте на обврзникот при секоја исплата да му издадете примерок од пресметката за аконтацијата на данокот и наплатените придонеси, како и збирен податок најдоцна до 25 јануари за вкупно платената аконтација во претходната година.
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија