Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
Recnik
Обрасци кои се поднесуваат во даден месец

ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Јануари
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Обрасци кои се поднесуваат во месец Јануари
Рок Образец Даночен обврзник Опис
до 10-ти во месецот   МПИН Работодавaчи Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) за задолжителни социјални придонеси и ДЛД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти Јануари   Б-ПФПГ Работодавачи - Фирми,Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност Доколку сте ги исполниле условите согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID -19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, доставете Барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант, до Управата за јавни приходи преку системот е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
до 15-ти Јануари   Б-ПФПГ/СВД Трговец - поединец и самостоен вршител на дејност Доколку сте ги исполниле условите согласно Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, за месеците февруари и март 2021 година, доставете Барање за претворање на примената финансиска поддршка во грант на физички лица кои вршат самостојна дејност до Управата за јавни приходи преку системот е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
до 15-ти Јануари   ДДВ-01Б Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност и сте регистрирани за целите на ДДВ, можете по истекот на 3 или 2 години од почетокот на регистрацијата за ДДВ, да се дерегистрирате со поднесување на (образец “ДДВ-01Б”), само со исполнување на пропишаните законски одредби за дерегистрација/прекинување на регистрацијата.
до 15-ти Јануари   ДДВ-01 Фирми и граѓани Доколку сте обврзани или пак сакате доброволно да се регистрирате за целите на ДДВ, задолжително поднесете пријава за регистрација за ДДВ на (образец “ДДВ-01”).
до 20-ти Јануари   ДЛД-02 Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност Ако набавите и воведете во употреба до 10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете (образец “ДЛД-02”), заради користење на даночно олеснување од данок на доход во Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ“).
до 20-ти Јануари   ДД-07 (со ГПРС) Фирми Ако набавите и воведете во употреба до10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете (образец “ДД-07”), заради користење на даночно олеснување од данокот на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ“).
до 25-ти Јануари   ДДВ-04 Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на (образец “ДДВ-04”) по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
до 31-ви Јануари   ДЛД-ИД/ФЛ Физичко лице Доколку сте донирале финансиски средства на правно лице според одредбите од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, за остварување на даночното поттикнување, доставете Извештај за донација до Управата за јавни приходи во електронска форма преку e-pdd.ujp.gov.mk
до 31-ви Јануари   ДЛД - БС Трговец - поединец и самостоен вршител на дејност Преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат понатаму да се користат може да се амортизира во целина независно од пропишаниот век на траење, при што за таквата амортизација во целина да влезе како расход при утврдување на основата за оданочување, поднесете образец Барање на согласност за признавање на расход одработењето на обврзникот во даночен биланс (образец "ДЛД- БС") во електронска форма преку преку e-pdd.ujp.gov.mk
до 31-ви Јануари   ДД-БС Фирми Преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат понатаму да се користат може да се амортизира во целина независно од пропишаниот век на траење, при што за таквата амортизација во целина да влезе како расход при утврдување на основата за оданочување, поднесете образец Барање-согласност за признавање на расход во даночен биланс (образец "ДД- БС") во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија