Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Обрасци кои се поднесуваат по потреба

Даночниот календар е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци.

Обрасци кои се поднесуваат по потреба и барање на обврзникот
Рок Образец Даночен обврзник Опис
по барање на судови   БИИ/ОС Судови Врз основа на поднесено барање “БИИ/ОС“ од страна на судовите, УЈП издава Известување за регистрациони податоци за лице за кое се бараат податоци.
по исполнувaње на условите за поврзување како еден ДДВ обврзник   ДДВ-01/ПЛ ДДВ обврзници Доколку сакате доброволно да се регистрирате како поврзано лице за ДДВ, заради вашата сопственичка, организациска или управувачка поврзаност, со поднесување на образец “ДДВ-01/ПЛ”.
по потреба, во име на даночен обрзник (правно лице/вршител на дејност)   УЈП-УН-З.2-24/2 Овластени подносители, во име на даночен обрзник (правно лице/вршител на дејност) Министерствата, органите на државната управа, организации утврдени со закон, други државни органи, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, органите на општината, на Градот Скопје и на општините во градот Скопје, во име на даночен обрзник (правно лице/вршител на дејност) можат да поднесат Барање по службена должност (образец УЈП-УН-З.2-24) за издавање на „Уверение за платени даноци и придонеси“.
по потреба, во име на даночен обрзник (правно лице/вршител на дејност/физичко лице)   УЈП-УН-З.2-26/2 Овластени подносители, во име на даночен обрзник (правно лице/вршител на дејност/физичко лице) Министерствата, органите на државната управа, организации утврдени со закон, други државни органи, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, органите на општината, на Градот Скопје и на општините во градот Скопје, во име на даночен обрзник (правно лице/вршител на дејност/физичко лице) можат да поднесат Барање по службена должност (образец УЈП-УН-З.2-26) за издавање на „Потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси“.
по потреба, во име на даночен обрзник (физичко лице)   УЈП-УН-З.2-20/2 Овластени подносители, во име на даночен обрзник (физичко лице) Министерствата, органите на државната управа, организации утврдени со закон, други државни органи, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, органите на општината, на Градот Скопје и на општините во градот Скопје, во име на даночен обрзник (физичко лице) можат да поднесат Барање по службена должност (образец УЈП-УН-З.2-20) за издавање на „Уверение за платени даноци и придонеси“.
по потреба, во име на даночен обрзник (физичко лице)   УЈП-УН-З.2-22/2 Овластени подносители, во име на даночен обрзник (физичко лице) Министерствата, органите на државната управа, организации утврдени со закон, други државни органи, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, органите на општината, на Градот Скопје и на општините во градот Скопје, во име на даночен обрзник (физичко лице) можат да поднесат Барање по службена должност (образец УЈП-УН-З.2-22) за издавање на „Уверение за остварени приходи“.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-В/АП Примател на приход (странско правно лице) Доколку во времето на исплата на приходите на странско правно лице, домашниот исплатувач не располага со заверен примерок на образец “ЗД-О/АП” или Одобрение за даночно ослободување, исплатителот ќе задржи данок во висина од 10% согласно ЗДД. Заради примена на пониска даночна стапка или нулта стапка согласно договорите за одбегнување на двојно оданочување, односно заради враќање на повеќе платен данок, примателот на приходот од авторски права може да поднесе образец “ЗД-В/АП”. За секое враќање на данок на приходот од авторски права се поднесува ново барање.
по потреба на даночниот обврзник   ДДВ-Б21 ДДВ обврзници / резиденти на РМ Доколку ви е потребен писмен доказ дека сте регистрирани како ДДВ обврзник, за цели на поднесување на барање за враќање на ДДВ во друга држава, поднесете го образецот “ДДВ-Б21“.
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-40/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку имате извршено уплата на данок на погрешна уплатна сметка и приходна шифра, несоодветна за тој вид на данок, може да поднесете барање (образец УЈП-УН-З.2-40) за пренасочување на уплатата од погрешната на точната уплатна сметка.
по потреба на даночниот обврзник   Б-ПДР Домашно или странско физичко лице резидент на РМ (остварувач на приходи од странство Доколку домашно или странско физичко лице резидент на РМ остварува приходи во странство на кои се задржува данок, а заради остварување на правото на даночно ослободување или пониска стапка од договорот за одбегнување на двојно оданочување кој РМ го има потпишано со странската држава, се обраќа до УЈП со Барање за издавање потврда за даночен резидент (образец "Б-ПДР"), според местото на живеалиште односно престојувалише на резидентот. Врз основа на ова барање, Управата за јавни приходи издава Потврда за резидентност.
по потреба на даночниот обврзник   Б-ОДД/ВП Физичко лице - нерезидент на РМ (остварувач на приходи во РМ) Доколку физичкото лице - примател на приходот е даночен резидент на странска држава, а остварува приходи во Р.Македонија на кои се задржува данок, а заради остварување на правото на даночно ослободување или пониска стапка од договорот за одбегнување на двојно оданочување кој РМ го има потпишано со странската држава, се обраќа до УЈП со Барање (образец "Б-ОДД/ВП").
по потреба на даночниот обврзник   Б-ОДД Физичко лице - нерезидент на РМ (остварувач на приходи во РМ) Доколку физичкото лице (примател на приходот) е даночен резидент на странска држава, а остварува приходи во Р.Македонија на кои се задржува данок, а заради остварување на правото на даночно ослободување од договорот за одбегнување на двојно оданочување кој РМ го има потпишано со странската држава, се обраќа до УЈП со Барање (образец "Б-ОДД") заедно Потврдата за даночен резидент од надлежен даночен орган од странство.
по потреба на даночниот обврзник   Б-ВД/КД Физичко лице - нерезидент на РМ Во случаите кога е наплатен данок на приходи кој согласно меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување е ослободен или во однос на истиот се применува пониска даночна стапка, се поднесува Барање (образец “Б-ВД/КД“).
по потреба на даночниот обврзник   Б-ВД/ВП Физичко лице - нерезидент на РМ Во случаите кога е наплатен данок на приходи кој согласно меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување е ослободен или во однос на истиот се применува пониска даночна стапка, се поднесува Барање (образец “Б-ВД/ВП“).
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-В/ДИ Примател на приход (странско правно лице) Доколку во времето на исплата на приходите на странско правно лице, домашниот исплатувач не располага со заверен примерок на образец “ЗД-О/ДИ” или Одобрение за даночно ослободување, исплатителот ќе задржи данок во висина од 10% согласно ЗДД. Заради примена на пониска даночна стапка или нулта стапка согласно договорите за одбегнување на двојно оданочување, односно заради враќање на повеќе платен данок, примателот на дивиденда во определениот рок може да поднесе образец “ЗД-В/ДИ”. За секое враќање на данок на дивиденда се поднесува ново барање.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-В/ДП Примател на приход (странско правно лице) Доколку во времето на исплата на приходи на странското правно лице, домашниот исплатувач не располага со заверен примерок на oбразец “ЗД-О/ДП” или Одобрение за даночно ослободување, исплатителот ќе задржи данок во висина од 10% согласно ЗДД. Заради примена на пониска даночна стапка или нулта стапка согласно договорите за одбегнување на двојно оданочување, односно заради враќање на повеќе платен данок, примателот на другите приходи може во определениот рок поднесе образец “ЗД-В/ДП”. За секое враќање на данок на другите приходи се поднесува ново барање.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-В/КА Примател на приход (странско правно лице) Доколку во времето на исплата на приходите на странско правно лице, домашниот исплатувач не располага со заверен примерок на образец “ЗД-О/КА” или Одобрение за даночно ослободување, исплатителот ќе задржи данок во висина од 10% согласно ЗДД. Заради примена на пониска даночна стапка или нулта стапка согласно договорите за одбегнување на двојно оданочување, односно заради враќање на повеќе платен данок, примателот на камата во определениот рок може да поднесе образец “ЗД-В/КА”. За секое враќање на данок на камата се поднесува ново барање.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-ДО Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РМ), во име и за сметка на странското правно лице. Доколку странско правно лице остварува приходи во РМ за кои согласно меѓународниот договор за одбегнување на двојното оданочување се применува 0% даночна стапка, може наместо обрасците ЗД-О/ДИ, ЗД-О/КА, ЗД-О/АП, ЗД-0/ДП да поднесе пополнет образец “ЗД-ДО” со прилог Потврда за резидентност издадена од надлежен даночен орган во странство.
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УД-3.2-20/1 Фирми Доколку сте регистрирани после 01.01.2009 година, или до крајот на 2008 година не ви е доделен код за идентификација за електронско потпишување на Месечната пресметка за интегрирана наплата, поднесете Барање за код за идентификација за интегрирана наплата (образец УЈП-УД-3.2-20/1) до Управата за јавни приходи.
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-37/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) За издавање на даночна картица за одделен вид на данок, од евиденциите на Управата за јавни приходи, поднесете барање (образец УЈП-УН-3.2-37).
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-42/1 Странско правно или физичко лице За издавање на потврда за дадена донација или дадено спонзорство во Р. Македонија, за остварување на даночно поттикнување за данок на добивка во вашата земја, поднесете барање (образец УЈП-УН-З.2-42).
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-38/1 Правно лице и самостоен вршител на дејност Доколки имате повеќе платен данок по еден основ и даночен долг по друг основ (доспеан за плаќање), поднесете Барање за пребивање на даночниот долг со повеќе платениот данок (образец УЈП-УН-З.2-38).
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-39/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку имате платено поголем износ на данок од оној утврден во решението или во поднесената даночна пријава, доколку сте платиле данок по грешка иако не сте биле обврзан за тоа, доколку сте платиле одреден износ на данок но подоцна сте ослободени од обврската за плаќање на истиот, поднесете барање (образец УЈП-УН-З.2-39) за поврат на повеќе/погрешно платен данок.
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УД-З.2-21/3 Овластен производител на фискален систем на опрема За одобрување на производство и користење на фискален систем на опрема, домашните правни лица - баратели на дозволата, потребно е преку Управата за јавни приходи до Министерството за финансии да достават Барање за одобрување на производство и користење на фискален систем на опрема УЈП-УД-З.2-21, како и потребната документација во прилог кон барањето.
по потреба на даночниот обврзник   Образец Домашно правно лице или домашно физичко лице (остварувач на приходи од странство) Доколку домашно правно лице или домашно физичко лице - резидент на РМ остварува приходи во странство на кој се заджува данок, заради остварување на правото на даночно ослободување или пониска стапка од договорот за одбегнување на двојно оданочување кој РМ го има потпишано со странската држава, се обраќа до УЈП со Барање за издавање потврда за резидентност. Врз основа на ова барање, Управата за јавни приходи издава Потврда за резидентност.
по потреба на даночниот обврзник   ДДВ-БП Фирми и граѓани За добивање потврда за регистриран или нерегистриран даночен обрзник за целите на данокот на додадена вредност, поднесете образец “ДДВ-БП”.
по потреба на даночниот обврзник   Б/ПРНД Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) За добивање потврда за активен даночен обврзник, одјавен даночен обврзник, непоседување на единствен даночен број, доделен даночен број, упишана или одјавена деловна единица, поднесете Барање за потврда за регистриран/нерегистриран даночен обврзник (образец “Б/ПРНД“).
по потреба на даночниот обврзник   ДДВ-ПЕФ-ДО ДДВ обврзник Даночниот обврзник - вршител на прометот пред да ја издаде Фактурата за промет ослободен од ДДВ согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност, мора да го пријави прометот и да поднесе Пријава “ДДВ-ПЕФ-ДО“ во Управата за јавни приходи по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-41/1 Обврзникот за пресметка и уплата и обврзник за плаќање на придонеси и персонален данок Барање за поврат на повеќе уплатени средства и персонален данок се поднесува во следните случаи: по грешка пресметан и уплатен придонес и персонален данок за обврзник за плаќање кој повеќе не работи кај обврзникот за пресметка и уплата; поднесена исправка на МПИН преку “вид на обврска 103“ за еден обврзник за плаќање; за двапати платен придонес и персонален данок на доход врз основа на еден ист фолио број; кога нема одбивање на аконтациите при конечната пресметка; и кога погрешно платениот придонес и персонален данок произлегува од направена грешка на банката.
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-19/1 Граѓанин По претходно поднесено барање (образец УЈП-УН-З.2-19) и исполнување на условите за издавање на уверението (граѓанинот да нема неподмирени даночни обврски и придонеси по сите основи), Управата за јавни приходи издава „Уверение за платени даноци и придонеси“ за физички лица, по следните основи: за отпуст на државјанство, за добивање виза за патување, за заверка на купопродажен договор, за регулирање на стаж (земјоделци,самостојни вршители на дејност), за пред банка, за пред суд, за земјоделски кредит и други кредити, за промена на презиме, пензија (за пред ФПИОМ) и по други основи.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-О/АП Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РМ), во име и за сметка на странското правно лице. Доколку примателот на приход од користење на авторски права е резидент на држава со која РМ има потпишано договор за одбегнување на двојно оданочување, остварува право на примена на пониска даночна стапка утврдена со договорот од стапката пропишана со ЗДД на РМ. Заради остварување на ова право остварувачот на приходите (нерезидентното правно лице), му поднесува на исплатувачот на авторскиот надоместок пред секоја исплата пополнет образец “ЗД-О/АП” кој треба да биде потврден (заверен) од надлежниот даночен орган во странство.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-О/ДИ Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РМ), во име и за сметка на странското правно лице. Доколку примателот на приход од дивиденда е резидент на држава со која РМ има потпишано договор за одбегнување на двојно оданочување, остварува право на примена на пониска даночна стапка утврдена со договорот од стапката пропишана со ЗДД на РМ. Заради остварување на ова право остварувачот на приходите (нерезидентното правно лице), му поднесува на исплатувачот на дивидендата пред секоја исплата пополнет образец “ЗД-О/ДИ”, кој треба да биде потврден (заверен) од надлежниот даночен орган во странство.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-О/КА Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РМ), во име и за сметка на странското правно лице. Доколку примателот на приход од камата е резидент на држава со која РМ има потпишано договор за одбегнување на двојно оданочување, остварува право на примена на пониска даночна стапка утврдена со договорот од стапката пропишана со ЗДД на РМ. Заради остварување на ова право остварувачот на приходите (нерезидентното правно лице), му поднесува на исплатувачот на каматата пред секоја исплата пополнет образец “ЗД-О/КА”кој треба да биде потврден (заверен) од надлежниот даночен орган во странство.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-О/ДП Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РМ), во име и за сметка на странското правно лице. Доколку примателот на “други приходи“ дефинирани со членот 29-б од ЗДД (освен наведените во точките од 1 до 5) е резидент на држава со која РМ има потпишано договор за одбегнување на двојно оданочување, остварува право на примена на пониска даночна стапка односно нулта стапката утврдена со договорот, од стапката пропишана со ЗДД на РМ. Заради остварување на ова право остварувачот на приходите (нерезидентното правно лице), му поднесува на исплатувачот на другите приходи пред секоја исплата пополнет образец “ЗД-О/ДП” кој треба да биде потврден (заверен) од надлежниот даночен орган во странство.
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-25/1 Правно лице, самостоен вршител на дејност или физичко лице Доколку даночниот обврзник (правно лице, самостоен вршител на дејност или физичко лице) сака да има увид за висината на долговите според евиденцијата на УЈП треба да поднесе Барање за издавање на потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси (образец УЈП-УН-3.2-25).
по потреба на даночниот обврзник   БПП-ИС/ДПФ Граѓанин Физичкo лицe - член на доброволен пензиски фонд кои уплатил сопствени средства во пензискиот фонд кои се претходно оданочени, односно средствата уплатени на негова индивидуална сметка од физичко лице се претходно оданочени, имаат право на поврат на персоналниот данок на доход пресметан на износот на уплатениот придонес во доброволниот пензиски фонд, со поднесување на барање “БПП-ИС/ДПФ“.
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-21/1 Граѓанин По претходно поднесено барање “УЈП-УН-З.2-21“ и увид од страна на УЈП (дали физичкото лице остварува или не остварува приходи), на граѓанинот му се издава „Уверение за остварени приходи“, по следните основи: за остварување на социјална помош, за постојана парична помош, за еднократна парична помош, за воена помош, за детски додаток, за студентски кредит, стипендија, за сите видови на семејни пензии, за сместување во социјални установи, за пред Фондот за здравство, за пред Агенцијата за вработување, за усвојување на дете и поставување на старател и по друг основ.
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-23/1 Правно лице и самостоен вршител на дејност По претходно поднесено барање (образец УЈП-УН-З.2-23) и исполнување на условите, Управата за јавни приходи издава Уверение за платени даноци и придонеси за правни лица или вршители на дејност, по следните основи: за одобрување на програма за курсисти (кај текстилците), за учество на тендер, за користење на кредит, за учество на конкурс за добивање простор по закуп, за учество на лицитација, за барање за доделување на земјоделско земјиште, за добивање лиценца, за физичка делба на имот, за пренос на имот, за добивање дозвола за привремен увоз, за имотен лист, за пред нотар, за пред суд, за пред Централен регистар на РМ, за пред соодветно министерство, за добивање на концесија, за ревизија, за пред деловна банка, за пред Народна банка и по други основи.
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-ПР-З.2-16/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) За добивање препис на даночен акт, поднесете Барање (образец УЈП-ПР-З.2-16).
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УД-З.2-12/2 Овластен сервисер Во случаите кога има дефект на фискалниот систем на опрема, овластениот сервисер поднесува Пријава за дефект на фискалниот систем на опрема (образец УЈП-УД-З.2-12), до надлежната даночна канцеларија на УЈП, заради техничко одржување или сервисирање на апаратот.
по потреба на даночниот обврзник     УЈП-ПН-З.2-28/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку на даночниот обврзник извршувањето на даночните обврски би му го нарушило процесот на неговото деловно работење, му претставува значително оптоварување и/или со плаќањето се нанесува битна штета истиот може да поднесе Барање за одлагање на плаќање на даночен долг (образец УЈП-ПН-3.2-28) до УЈП. Плаќањето на даночниот долг може да се одложи за определен рок во еднократен износ или на рати, но не повеќе од 36 месечни рати.
по потреба на даночниот обврзник     УЈП-ДИ-З.2-50/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку постојат околности коишто ја доведуваат во прашање објективност и непристрасност на службеното лице овластено да решава или да извршува одредени дејствија во даночна постапка по предметот во кој е странка, сопственик, сообврзник, полномошник, законски застапник и припадник, можете да поднесете Барање за изземање на службено лице УЈП-ДИ-3.2-50.
по потреба на даночниот обврзник     УЈП-ПН-З.2-29/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку даночниот обврзник врши одложено плаќање на даночниот долг истиот може да поднесе Барање за замена на гаранцијата за обезбедување на плаќање на даночниот долг (образец УЈП-ПН-3.2-29) до УЈП, по вид и висина, во согласност со членот 111-в од овој закон, соодветно на износот на преостанатиот одобрен даночен долг.
по потреба на даночниот обврзник     УЈП-ПН-З.2-30/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку на даночиот обврзник му е донесено решение за одложено плаќање на даночен долг на рати, истиот може да поднесе Барање (образец УЈП-ПН-3.2-30) до УЈП за бришење на залогот воспоставен во постапка на присилна наплата, доколку приложи гаранција која во целост го обезбедува даночниот долг. Бришењето на залогот ќе се изврши по истекот на 90 дена од правосилноста на решението за одобрено плаќање на даночниот долг на рати.
по потреба на даночниот обврзник     УЈП-ПН-З.2-27/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку даночниот обврзник врши одложено плаќање на даночниот долг, во рокот одобрен за одложено плаќање, истиот може да поднесе Барање за промена на бројот на преостанати рати кај одложено плаќање на даночен долг (образец УЈП-ПН-3.2-27), меѓутоа не повеќе од бројот на рати кој се одобрува согласно член 111-г став 1.
при регистрација, пријавување на промени и дерегистрација на даночен обврзник   УЈП-РДО/З Физички лица (земјоделци) Ако остварувате приходи од земјоделска дејност должни сте да се регистрирате во Управата за јавни приходи со поднесување на даночната пријава “УЈП-РДО/З“. При прва регистрација, промена на податоци или дерегистрација на даночниот обврзник, во прилог на овој образец се поднесува и Барањето за паушално оданочување на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност образец “ПДД-ПЗ“.
при регистрација, пријавување на промени и дерегистрација на даночен обврзник и донаторски проект   УЈП-РДО Правни и физички лица и сите други форми на делување За лицата (регистриран донаторски проект во Владата на РМ, верско службено лице, странско физичко лице и странско правно лице) кои немаат обврска да се регистрираат во еден од основните регистри, регистрирањето за даночни цели и доделувањето на ЕДБ се врши директно во УЈП со поднесување на образец “УЈП-РДО”. *Образецот се поднесува и кога вршите промена на податоци и во случај кога престанувате со вршење на дејност, а претходно сте биле регистрирани во УЈП со истиот образец.
при регистрација, пријавување на промени и дерегистрација на физичко лице кое врши дејност од времен карактер   УЈП-УД-З.2-01/1 Физички лица Доколку не сте регистриран кај надлежен основен регистар, а остварувате приход од вршење дејност од времен карактер, должни сте да се регистрирате во УЈП за даночни цели, или да пријавите промена на податоци, престанување на вршење на дејноста или повторно отпочнување со поднесување на Пријава за регистрација и паушално оданочување на обврзници кои вршат дејност од времен карактер образец “УЈП-РДО/ВК”.
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија