Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
Обрасци кои се поднесуваат во даден месец

ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Февруари
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28          
Обрасци кои се поднесуваат во месец Февруари
Рок Образец Даночен обврзник Опис
до 7-ми во месецот   ПДД-МИ/ИС Исплатувач на добивки од посебни игри на среќа (казино, обложувалница и автомат клуб) Поднесете образец “ПДД-МИ/ИС” преку следната е-пошта info.nis@ujp.gov.mk, за исплатените приходи - добивки од игри на среќа и за пресметаниот и платен данок по одбивка за претходниот месец.
до 10-ти во месецот   МПИН Работодавaчи Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти Февруари   МДБ Фирми Доколку сте обврзник за пресметување и плаќање на данок на добивка, односно не сте обврзник со посебен даночен статус (Заштитно друштво за вработување на инвалиди, стопанска единица на КПУ, или корисник на Технолошко индустриска развојна зона), утврдувањето на месечниот износ на данокот на добивка го вршите со пополнување на образец “МДБ“. Утврдувањето на месечните аконтации за периодот Февруари - Декември 2017 и за месец Јануари 2018, се врши врз основа на даночната пријава составена за даночниот период што претходи (образец “ДБ“ – Даночен биланс за оданочување на добивка), доколку на истиот имате утврдено даночна обврска на АОП 41. * Образецот “МДБ“ немате обврска да го доставувате до Управата за јавни приходи.
до 15-ти Февруари   ДД-И Фирми Сите вие кои сте: домашно правно лице, домашно физичко лице регистрирано за вршење на дејност, или странско правно или физичко лице/нерезидент со постојана деловна единица во РМ, доколку вршите исплата на приходи на странски правни лица кои се оданочиви по задршка (“данок на задршка”), должни сте да поднесете образец “ДД-И”.
до 25-ти Февруари   ДДВ-04 Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
до 28-ми Февруари   ДБ Фирми Доколку сте правно лице/субјект (резидент) на Република Македонија кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или сте организациона единица на правно лице кое не е резидент на Република Македонија за добивката која ја остварувате од вршење на дејност на територијата на Република Македонија, поднесете Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), заради утврдување на данокот на добивка. Доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате доставено во електронска форма, рокот за доставување на “ДБ“ е до 15-ти Март.
до 28-ми Февруари   ДБ-ВП Фирми Доколку сте мал и микро трговец и водите сметководство согласно Законот за трговски друштва и доколку вашиот остварен вкупен приход во претходната година не го надминува износот од 3 милиони денари на годишно ниво поднесете образец “ДБ-ВП“ заради утврдување на годишниот данок на вкупен приход. Доколку сте оствариле вкупен приход во претходната година од 3 000 001 до 6 000 000 денари на годишно ниво и сакате да се определите за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход, поднесете “ДБ-ВП“. Доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате доставено во електронска форма, рокот за доставување на “ДБ-ВП“ е до 15-ти Март.
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија