Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

21.11.2008
УЈП Прилеп, Контролирани 14 фото студија
Во рамките на планираните редовни и тековни активности на 14-ти и 15-ти Ноември, Управата за јавни приходи спроведе инспекциски контроли по основ на примена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања на подрачјето на општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Кавадарци, Неготино и Велес.
 
07.11.2008
ДЕМАНТ - “ВРЕМЕ“ (Текст: “Автопазарот заштитен со ѕид на молчење“)
Во врска текстот “Автопазарот заштитен со ѕид на молчење“ (Време, 07.11.2008, стр.5), Управата за јавни приходи ги демантира пласираните информации во јавноста дека УЈП “не сака да коментира начинот на кој се работи на автопазарот “Фершпед“ и наводните изјави на УЈП “дека се ненадлежни за фискализацијата на автопазарот“, бидејќи истите не се дадени од страна на УЈП со што е нанасена штета на угледот на институцијата и тенденциозно и погрешно е информирана јавноста за надлежностите и активностите на Управата за јавни приходи.
 
07.11.2008
ДЕМАНТ - “А1“ (Прилог: “Автопазарот недостапен за инспекторите на УЈП“)
Во врска прилогот на новинарката Емилија Јовановска -“Автопазарот недостапен за инспекторите на УЈП“, кој беше прикажан во вестите на телевизија “А1“, на 06.11.2008/четврток/, Управата за јавни приходи ги демантира пласираните информации во јавноста и наводните изјави на УЈП“ дека пазарот бил неорганизиран и затоа нивни инспектори таму не правеле контроли“, со што е нанасена штета на угледот на институцијата и тенденциозно и погрешно е информирана јавноста за надлежностите и активностите на Управата за јавни приходи.
 
07.11.2008
Формиран советодавен одбор на даночни обврзници на Македонија
Советодавниот одбор на даночни обврзници на Македонија, е предвиден да работи како советодавно тело во рамките на Управата за јавни приходи, а целта е преку членките - организациите и здруженијата во Македонија (стопански комори, здруженија на сметководители, ревизори, даночни советници..), даночните обврзници да се вклучат во планирањето на услугите и активностите на УЈП кои директно го засегаат нивното работење
 
03.11.2008
Бришење од соодветноит регистар на правните лица, трговците поединици и трговските друштва кои не се усогласени со Законот за трговските друштва
На веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија објавен е преглед на правните лица, трговците - поединци и трговските друштва запишани во Судскиот регистар кои до денот на влегувањето на сила на овој закон не се усогласени со одредбите на Законот за трговските друштва и на правните лица, трговците - поединци и трговските друштва кои се запишани во Трговскиот регистар, а чиишто сметки не се пренесени во деловните банки од поранешниот Завод за платен промет и истите не се блокирани.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија