Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
29.01.2009
Потпишана "Декларација за соработка со земјите од регионот"

Управата за јавни приходи потпиша Декларација за соработка со земјите од регионот на мултилатералната средба, која се одржа на 22 и 23 јануари во Косово.

Со потпишувањето на оваа декларација даночните администрации на Албанија, Бугарија, Косово, Македонија и Турција се согласија:

  1. Да продолжат да ги развиваат областите од заеднички интерес и да се воспостави размена на искуства со цел зголемување на нивната ефикасност како модерни даночни администрации;
  2. Да ја зголемат размената на информации поврзани со меѓународните трансакции со цел намалување на фискалната евазија;
  3. Да обезбедат информации од областа на воведувањето на фискални каси или во ускладувањето на административните програми преку информациите добиени од истите и
  4. Да помогнат за ефикасно имплементирање и администрирање на билатералните договори за одбегнување на двојното оданочување и фискалната евазија меѓу заемјите учеснички.

Декларацијата за блиска соработка меѓу даночните администрации од регионот беше потпишана на годишнината од формирањето на Косовската даночна администрација.

Во наредниот период се очекува оваа декларација да ја потпишат и останатите даночни администрации на земјите од регионот.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија