Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Даноци на потрошувачка (индиректни даноци)

Даноци на потрошувачка или индиректни даноци се:

  • Данок на додадена вредност (ДДВ)
  • Акцизи (од 01.01.2010 година во надлежност на Царинската управа)
  • Царини (во надлежност на Царинската управа)

ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ

Развој на системот
Законот за данокот на додадена вредност (ЗДДВ) го замени Законот за данок на промет на производи и услуги. Иако ЗДДВ е донесен во 1999 година, примената беше одложена и отпочна на 01 април 2000 година. Законот беше работен во согласност со Шестата ДДВ Директива на Европската унија и претставуваше едноставно решение за оданочување на додадената вредност како општ потрошувачки данок во земја која сеуште не е членка на ЕУ. Применувајќи ги сите основни одредби и принципи на овој данок, со ЗДДВ се обезбеди неутралност на полето на конкуренцијата, како во домашната, така и во меѓународната размена на стоки и услуги. Со донесување на овој закон се прошири базата на оданочување, се надмина можноста за скалесто повеќекратно оданочување и проблемите кои ги носеа одредбите за докажување на бројните даночни ослободувања, а заради поврзаното функционирање на системот помеѓу даночните обврзници се зајакна даночната дисциплина.
ДДВ се наплаќа во сите фази на производството и трговијата, како и во целокупниот услужен сектор. Преку инструментот на одбивка на претходниот данок се одбегнува даночното оптоварување во целокупниот претприемачки домен. Согласно со неговата цел, ДДВ ја оптоварува целокупната приватна и јавна крајна потрошувачка, како и крајната потрошувачка во претприемачкиот домен, доколку согласно законот не е растоварена преку одбивката на претходниот данок.
Во периодот на примена на ДДВ настанаа повеќе дополнувања на законот кои беа во насока на стеснување на можностите на даночното одбегнување и создавање на ланци на измама и одбегнати трговци, како што се: поврзување на ДДВ обврзниците кои имаат управувачка, сопственичка и организациска поврзаност во еден ДДВ обврзник; овозможување на даночниот орган да одбие или да прекине ДДВ регистрација на обврзници кои не се достапни, кои не можат да ги докажат своите стопански активности, кои не поднесуваат редовно даночни пријави или кои имале даночно затајување; доставување на финансиски извештаи за извршениот готовински промет и банкарските плаќања за извршен промет. Во исто време, со извршените дополнувања на законот, се делува и на олеснување на условите за плаќање и зачувување на ликвидноста на даночните обврзници со поместување на роковите за плаќање на даночните обврски од 15-ти на 25-ти во месецот кога даночните обврзници немаат обврски за плаќање по други даноци. Со овозможувањето на ДДВ регистрирање во текот на годината веднаш по исполнување на граничниот износ на остварен промет од 2,000,000 денари, им се овозможи на даночните обврзници побрзо остварување на придобивките од овој данок.

Предмет на оданочување
Со ДДВ се оданочува прометот на добра и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник, во рамките на неговата стопанска дејност и увозот на добра.

Даночен обврзник
Даночен обврзник е лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност.

Даночен период
Во зависност од остварениот промет во претходната година или претпоставениот промет на почетокот на вршењето на дејноста, даночниот период може да биде еден месец или три месеци.

Даночен основа
Даночна основа е вкупниот износ на надоместокот што е добиен, или што треба да се добие за прометот, во кој не е вклучен данокот на додадена вредност.

Даночни стапки
ДДВ се пресметува со примена на пропорционални даночни стапки врз даночната основа за оданочивиот промет на стоки и услуги и увоз и тоа со општата даночна стапка од 18% и со повластените дночни стапки од 10% и 5%..

За повеќе информации во врска со оданочувањето со ДДВ, кликни тука.
 

АКЦИЗИ

Развој на системот
Новиот Закон за акцизи (ЗА) донесен во 2001 година е во голема мера усогласен со соодветните директиви на Европската унија. Со него се воведува нова правна регулатива за акцизните складови, начинот на чување, манипулирање и засилена контрола на движењето на добрата подложни на акциза, намалени се даночните ослободувања и се воспоставени механизми за евиденција и контрола на нивното остварување.
Од 1 Јануари 2010 година, акцизите како јавна давачка која ја администрираше Управата за јавни приходи преминаа во надлежност на Царинската управа.

Даночен обврзник
Обврзник на акциза е имател на акцизна дозвола, лица кои увезуваат акцизни добра, производител или увозник на добра за кои акцизата се плаќа при користење на контролните марки,

Предмет на оданочување
Акцизите се посебен вид на данок кој се наплатува посредно или непосредно на потрошувачката на посебна група добра - акцизни добра: минерални масла, алкохол и алкохолни пијалоци, тутунски добра и патнички автомобили.
Акцизните добра се подложни на акциза со нивното производство на акцизната територија или со нивниот увоз.
Акцизата воглавно настанува кога добрата подложни на акциза го напуштаат акцизниот склад или се трошат во него, кога се произведуваат надвор од акцизен склад, кога е утврден кусок, кога престанува да важи акцизната дозвола, или кога се транспортираат надвор од законски регулираната постапка

Даночна основа и даночни стапки
Акзизата се плаќа како:

  • Специфична акциза на минерални масла, по единица мерка литар, означени со нивните тарифни броеви;
  • Специфична акциза на пиво, вино, меѓупроизводи и етил алкохол, по единица мерка литар/степен алкохол или литар/степен екстрат за пиво;
  • Комбинирана акциза за тутунски добра, по единица количина и преоцент од малопродажна цена;
  • Прогресивни стапки, зависно од вредноста на патничките автомобили.

Акцизата на меѓупроизводи и етил-алкохол и на тутунски добра се плаќа со користење на контролни марки.

Даночен период
Период за кој се пресметува и плаќа акциза е еден календарски месец во кој настанала акциза или акцизата се плаќа со користење на контролни марки.


За повеќе информации во врска со акцизите, обратете се во Царинската управа на РМ, кликни тука.
 

ЦАРИНИ

Надлежна за спроведување на системот на царини е Царинската управа на Р.Македонија, која како и другите царински служби во светот, е задолжена да ги штити финансиските интереси на Република Македонија, сигурноста, здравјето и животот на граѓаните, да ги поддржува економските активности и да ги штити од нелојална конкуренција, како и да придонесува кон зголемување на нивото на конкурентност на македонската економија.

За разлика од другите видови на даноци, на кои основна функција им е фискалната, кај царините, како еден вид данок, таа функција е споредна, а основната им е заштитната функција. Увезениот производ се оптоварува со износ на пропишаната царина и, затоа, во споредба со истиот домашен производ е можно да има повисока цена со што му се намалува конкуретноста, што е и основната функција на царината.

Предмет на царинење, односно на оданочување е увозот на стоки (ретко извозот), а основицата на царината е вредноста на увезената стока.

Како обврзници се јавуваат сите физички и правни лица кои увезуваат стоки од странство.

Притоа, предвидени се олеснувања или осободувања за определени стоки, како на пример, за личниот багаж на патниците, за инвалидски помагала или за стока до определен паричен износ, за определени случаи или за некои граѓани, како што се дипломатските и конзуларните службеници, вработените во странство.

Царинската тарифа, како многу важен елемент на царинскиот систем, се усогласува со правилата на Светската трговска организација и со Комбинираната номенклатура на ЕУ.


За повеќе информации во врска со царините, обратете се во Царинската управа на РМ, кликни тука.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија