Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Обрасци кои се поднесуваат во даден месец

ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Март
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Обрасци кои се поднесуваат во месец Март
Рок Образец Даночен обврзник Опис
до 10-ти во месецот   МПИН Работодавaчи Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) за задолжителни социјални придонеси и ДЛД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти Март   ДБ Фирми Доколку сте правно лице/резидент на Република Северна Македонија - кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или постојана деловна единица на нерезидент - која остварува добивка од вршење на дејност на територија на Република Македонија и доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате поднесено во електронаска форма, поднесете Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), заради утврдување на данокот на добивка.
до 15-ти Март   ДЛД-ДБ Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност Трговци поединеци и самостојни вршители на дејност (нотари, адвокати, стоматолози, занаетчии, сметководители, уметници и др.), за остварената добивка/загуба од вршење на дејност поднесете (образец “ДЛД-ДБ”) по електронски пат преку https://e-pdd.ujp.gov.mk
до 15-ти Март   Б Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност Трговци поединеци и самостојни вршители на дејност (нотари, адвокати, стоматолози, занаетчии, сметководители, уметници и др.), за остварената добивка/загуба од вршење на дејност поднесете (образец “Б”) по електронски пат преку https://e-pdd.ujp.gov.mk
до 15-ти Март   ДБ-ВП Фирми Доколку ги исполнувате условите за влез во „поедноставениот даночен режим за трговски друштва“ за оданочување со данок на вкупен приход односно сте оствариле вкупен приход во претходната година до 3 милиони денари на годишно ниво или пак од 3 000 001 до 6 000 000 денари на годишно ниво и сакате да се определите за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход, и доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате доставено во електронска форма, поднесете (образец “ДБ-ВП“).
до 25-ти Март   ДДВ-04 Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
до 31-ви Март   ДД-01 Фирми Доколку сте правно лице кое во изминатата година остварило финансиска загуба во Билансот на успех, поднесете (образец “ДД-01“) со цел да остварите право на намалување на даночната основа во идните пресметковни периоди.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија