Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Фискализација

Кој е должен да воведе фискален систем на опрема за регистрација на готовински плаќања?

Даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето се врши готовински, должни се да воведат и користат одобрен ГПРС фискален систем на опрема за регистрација на готовинските плаќања.

Согласно Одлука за изменување на одлуката за ослободување од обврска за користење на интегриран автоматски систем за управување на вршителите на авто – такси превоз на патници („Службен весник на РМ“, бр.121/18), вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем на управување до 31 декември 2018 година.

Кој не е должен да воведе фискален систем на опрема за регистрација на готовинските плаќања?

  • Даночните обврзници кои данокот од доход за приходите од вршење на дејност го плаќаат според паушално утврден нето приход, освен таксистите. Таквиот статус тие го докажуваат со Решение издадено од Управата за јавни приходи;
  • Физичките лица кои издаваат под закуп станбен или деловен простор;
  • Лица кои не се трговци за прометот на непреработено и сопствено земјоделско производство што го вршат на тезги на пазари, како и надвор од пазарите;
  • Лица кои вршат дејности во објекти што се наоѓаат во населени места со број на жители под 300 луѓе и кои се сместени во високопланински и тешко достапни места, со исклучок на туристички места;
  • Лицата кои вршат улична продажба на весници и списанија-колпортерска продажба;
  • Лицата кои вршат улична продажба на лозовите што се употребуваат при приредување на игрите на среќа од типот инстант лотарија, како и на картичките што се употребуваат при приредување на игрите на среќа од типот томбола;
  • Лицата кои вршат континуиран промет, за кој издаваат сметки и за кој се предвидени последователни плаќања (испорака на струја, вода, телефонски услуги, греење и ладење и друго);
  • Продажба на добра или услуги преку автомати за продажба кои работат со монети и книжни пари.

Фискален систем на опрема

Фискалниот систем на опрема овозможува регистрирање на вкупниот промет на продадени добра, извршени услуги и висината на данокот. Преку него се врши печатење и издавање на фискални сметки, дневен финансиски извештај и контролен финансиски извештај. Во него е вградена фискална меморија која овозможува единечна регистрација на податоците и нивно повеќекратно читање.

Фискалниот систем на опрема се состои од фискална апаратура и од интегриран автоматски систем за управување.

Видови на фискална апаратура:

  • електронски каси со фискална меморија;
  • фискални принтери;
  • електронски системи со фискална меморија за регистрирање на прометот на нафтени деривати на мало преку сметачки средства за количината и потрошокот на течни горива (бензиски пумпи, плински пумпи и сл.).

Интегрираниот автоматски систем за управување е систем за постојана електронска комуникација на трговскиот објект со УЈП за секојдневно автоматско пренесување на податоци во вид на дневен финансиски извештај. Интегрираниот автоматски систем за управување се состои од:

  • GPRS терминал (General Packet Radio Service); и
  • криптомодул.

Фискална сметка

  • Фискална сметка е документ со кој се потврдува плаќањето на цената на доброто, односно услугата издадена од фискална апаратура.
  • Фискалната сметка се состои од бонов и контролен траг кои се идентични и се запишуваат истовремено. Исечок од боновиот траг се дава на купувачот на доброто, односно на корисникот на услугата, а контролниот траг го задржува даночниот обврзник.
    Контролниот траг освен на хартиен медиум може да се запишува и на електронски медиум. Електронската контролна трага треба да гарантира небришливост на податоците по исполнување на капацитетот и неможност за печатење на фискална сметка.
    Даночниот обврзник е должен хартиената, односно електронската контролна трага од фискалната сметка да го чува во објектот пет години од датумот на последната операција.
  • Фискална сметка се издава на купувачот на доброто, односно на корисникот на услугата во моментот на предавањето и плаќањето на доброто, односно на извршувањето и плаќањето на услугата.
  • При дилерска трговија, даночниот обврзник фискалната сметка ја издава на дистрибутерот, кој е должен да ја врачи на купувачот при плаќањето на цената на доброто.

Регистрација на фискалната апаратура

При регистрацијата на фискалниот апарат со GPRS уред не се потребни никакви писмени документи, односно целокупната постапка за регистрација и одобрување на фискалниот апарат се врши електронски, со размена на регистрационите податоци помеѓу сервисниот центар на производителот (од каде обврзникот го набавува апаратот) и системот на УЈП. По успешната електронска регистрација во системот на УЈП, даночниот обврзник може веднаш да го постави фискалниот систем на опрема во деловниот објект и да врши регистрирање на остварениот готовински промет.

Должности на даночниот обврзник

  • Даночниот обврзник е должен да монтира, воведе во користење и да ја користи фискалната апаратура или интегрираниот автоматски систем за управување од самото пуштање на објектот во употреба.
  • Даночниот обврзник е должен да воведе и да користи фискална апаратура за секое работно место од каде што се извршува прометот на добра или услуги кои готовински се наплатуваат.
  • Даночниот обврзник е должен да води книга за дневни финансиски извештаи.
  • Даночниот обврзник е должен, на видно место, да постави соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка.
  • Заради правилно евидентирање на прометот даночниот обврзник е должен фискалните апарати да ги чува и одржува во исправна состојба.
  • За функционално и техничко одржување на фискалните апарати, даночниот обврзник е должен да склучи договор за одржување со овластениот производител/сервисер на фискалниот систем на опрема.
  • Даночниот обврзник чиј просечен промет во деловниот објект надминува 1.000.000 денари во претходната година, со исклучок на даночните обврзници кои вршат промет на нафтени дериват на мало (бензиски пумпи), е должен да закупи и регистрира резервна фискална апаратура, која се користи во случај на оштетување и ремонт на главната фискална апаратура.

Кога е потребен ремонт или поправка на фискалната апаратура, а даночниот обврзник нема обврска да поседува резервна фискална апаратура, тогаш за извршениот промет на добра или услуги е должен да издава парагон блок и да води Итна сметководствена книга (ИСК-03) заверена од УЈП.

Не е дозволено автотакси превозници и даночни обврзници кои вршат промет на нафта и нафтени деривати на мало (бензински пумпи, плински пумпи и други) да издаваат парагон блок.

Овластени производители на фискален систем на опрема со ГПРС уред:

  1. Акцент компјутери - бул.Орце Николов бр.133-Д3, тел. 02/31 33 122
  2. Давид компјутери - ул. Матеја Матевски бр.4/1-ДП 3 Аеродром, 1000 Скопје, тел. 02/ 24 50 372
  3. Дуна компјутери - ул.Скупи бр.57а, тел.02/31 04 500
  4. Макпетрол АД - ул.Св. Кирил и Методиј бр.4, тел. 02/31 12 144
  5. Електро Софт Инженеринг- ул.Огњан Прица бр.41а, тел. 02/277 55 15
  6. Мерлин Солутионс ДОО Тетово -  ул.Радован Цониќ бр.8/8, 1200 Тетово, тел. 044/340 650

За подетални информации во врска со фискализацијата и регистрирање на готовинските плаќања кликнете тука.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија