Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Игри на среќа

Игри на среќа се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување на добивка со посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта исклучиво или претежно зависи од случајноста или од некој иден неизвесен настан во играта.

Забавни игри се игрите на компјутери, симулатори, видеоавтомати, флипери и други слични апарати кои се ставаат во погон со помош на пари, жетони или на друг начин, како и пикадо, билијарди и други слични игри во кои се учествува со уплата, а во кои учесникот не може да оствари добивка во пари, предмети или права, туку стекнува право на една или повеќе бесплатни игри од ист вид, како и други игри од забавен карактер во кои се подразбира дека учесникот во забавните игри кој губи ги сноси трошоците за играта или каде што уплатите (влоговите) и добивката се незначителни.

Учесник во игрите на среќа и во забавните игри е лице кое ги исполнило условите определени со правилата на играта на среќа и забавната игра утврдени од страна на приредувачот на играта на среќа, односно приредувачот на забавната игра.

Видовите, условите, организацијата и начинот на приредување на игри на среќа и забавни игри во Р. Mакедонија се уредуваат со Законот за игри на среќа и за забавните игри.

Средствата остварени по сите основи од приредување на игри на среќа и забавни игри се користат за финансирање на:

  • националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација;
  • здруженија на граѓани за борба против семејното насилство;
  • спортот, спортските федерации и клубови; и
  • Црвениот крст на Република Македонија.

Забрането е:

  • учество во странски игри на среќа, особено ако влоговите се уплаќаат на територијата на Р.Македонија;
  • продажба, рекламирање и секое друго претставување на странски лозови, томболски картички, ливчиња, тикети, електронски картички и слично на територијата на Р.Македонија;
  • приредување на игри на среќа и забавни игри во технолошките индустриски развојни зони на територијата на Р.Македонија;
  • приредување на игри на среќа кои не се регулирани со закон, а кои даваат можност за стекнување на добивка; и
  • учество во игри на среќа или забавни игри кои се приредуваат без издадена лиценца, односно дозвола.

За подетални информации во врска со игрите на среќа и забавните игри во Република Македонија кликнете тука.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија