Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Радиодифузна такса

Со измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на РМ“, бр.132 од 20.09.2017 година) се укина обврската за Радиодифузната такса, со што надлежноста на Управата за јавни приходи за утврдување и наплата на Радиодифузната такса е заклучно со месец 09/2017 година.

Сите физички и правни лица, обврзници за радиодифузна такса имаат обврска да ги платат заостанатите обврски по основ на оваа јавна давачка заклучно со месец 09/2017 година. Обврзниците кои имаат уплата по основ на радиодифузна такса за период 10, 11 и/или 12/2017 година, имаат право на враќање на погрешно платениот износ.
 

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

  • Електронско плаќање со безготовинска картичка

Обврзниците на РДТ - физички лица можат да извршат проверка на состојбите и плаќање на Радиодифузна такса преку е-Даноци https://etax.ujp.gov.mk, доколку се претходно регистрирани за користење на оваа услуга.
Он-лајн плаќањето на Радиодифузна такса за физичките лица може да се врши со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка.

  • Готовинско плаќање со налог ПП 10 и ПП 30

Врз основа на податоците од решението на УЈП, плаќањето на радиодифузна такса се врши на образец ПП 10 - налог за готовинско плаќање или на образец ПП 30 - налог за безготовинско плаќање.
 

*Пример за пополнет ПП 10 образец

 

*Пример за пополнет ПП 30 образец

Плаќањето на радиодифузната такса може да го извршите на било која од следните трансакциски сметки на ЈП МРТ:
1) Комерцијална банка АД Скопје - 300000002318627; 2) Шпаркасе банка Македонија АД Скопје - 250001002999026; 3) НЛБ Банка АД Скопје - 210040634060360; 4) Халк банка АД Скопје - 270040634060270; 5) Стопанска банка АД Скопје - 200002772386383; 6) Еуростандард АД Скопје - 370011200112691; 7) Силк Роуд Банка АД Скопје - 280105102146517; 8) ПроKредит банка АД Скопје - 380700812501175. 

 

За повеќе информации во врска со плаќањето на Радиодифузната такса обратете се во
Инфо центарот на УЈП на телефонот
0800 33 000 или 02/3253 200

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија