Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Регистрација за целите на ДДВ

Даночен обврзник е лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од таа дејност.

Даночни обврзници за ДДВ можат да бидат правни и физички лица, како и здружувања на лица кои остваруваат приходи во рамките на нивната стопанска дејност.

Задолжителна регистрација за ДДВ

  • Даночните обврзници кои во претходната календарска година оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари се обврзани за ДДВ регистрација.
  • Даночните обврзници кои во текот на календарската година остварат вкупен промет над 2.000.000 денари, обврзани се за регистрација за целите на данокот на додадена вредност.
  • Даночните обврзници кои отпочнуваат со вршење на стопанска дејност, доколку предвидуваат дека ќе остварат промет над 2.000.000 денари, исто така, задолжително треба да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност.

Вкупен промет за цели на регистрацијата за ДДВ претставува збир на оданочивиот промет, остварен во изминатата календарска година, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност кој отпаѓа на него, освен прометот ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок.

Ако даночниот обврзник ја вршел својата дејност само во еден дел од календарската година, фактичкиот вкупен промет се пресметува на ниво на вкупен промет за целата календарска година.

 

Поднесување на пријава за регистрација за ДДВ

Регистрацијата за ДДВ се врши со поднесување на Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01).

Пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност се поднесува до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник или по електронски пат.

Рокови за поднесување на пријавата за регистрација за ДДВ

Пријавата за регистрација за ДДВ се поднесува до:

  • 15-ти јануари во тековната година од даночните обврзници кои:
    - во изминатата календарска година оствариле вкупен оданочив промет над 2.000.000 денари
    - доброволно се регистрираат за целите на ДДВ
  • 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот, од даночните обврзници кои во текот на календарската година го надминат износот на остварен вкупен промет од 2.000.000 денари.
  • во рок од 15 дена од почетокот од вршењето на дејноста од даночните обврзници кои:
    - започнуваат со вршење на дејност во текот на календарската година
    - доколку даночниот обврзник претходно вршел стопанска дејност ослободена од данок без право на одбивка на претходниот данок, а во текот на годината започнува да врши оданочлива дејност

* За извршената регистрација за целите на ДДВ, УЈП донесува решение за регистрација за данокот на додадена вредност во кое го назначува датумот на почеток на регистрацијата за ДДВ, првиот даночен период, како и даночниот период на поднесување на ДДВ пријавите.

* Даночните обврзници регистрирани за целите на ДДВ остануваат регистрирани најмалку три или две години согласно законски пропишаните услови.

За подетални информации во врска со регистрацијата за целите на данокот на додадена вредност, изберете:

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија