Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Даночни обврзници кои немаат обврска да се регистрираат за целите на ДДВ

За целите на ДДВ немаат обврска да се регистрираат:

  • даночните обврзници кои вршат промет ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок без разлика на висината на таквиот промет.
  • даночните обврзници кои остваруваат промет помал од 2.000.000 денари.

Ваквите даночни обврзници не долгуваат данок на додадена вредност за своите промети, немаат право да искажуваат одделно данок во фактурите и немаат право на одбивка на претходниот данок.
Доколку искажат одделно данок на додадена вредност во нивните фактури, го должат искажаниот данок и се должни да го платат во рок од пет работни дена по издавање на фактурата. Во исто време должни се да поднесат ДДВ пријава за даночниот период во кој ја издале фактурата.

  • Од обврската за регистрација за ДДВ се исклучени и даночните обврзници кои не се резиденти во земјата доколку вршат оданочлив промет за кој даночниот долг преминува на примателот на исполнувањето.
  • Даночните обврзници - нерезиденти во земјата кои имаат право на враќање на претходниот данок во посебна постапка.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија