Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
Надлежности

Управата за јавни приходи функционира единствено на територијата на Република Македонија. Врз основа на Законот за Управата за јавни приходи, ги извршува управните и други стручни работи кои се однесуваат на делокругот на нејзиното работење, како и работи кои произлегуваат од посебните даночни закони. Управата за јавни приходи оперативно ја спроведува даночната политика, го води единствениот даночен регистар и даночните евиденции на даночните обврзници, прима даночни пријави, ги утврдува, врши наплата и поврат на даноци, социјални придонеси од плата и други јавни давачки, врши инспекциски надзор, им дава помош на даночните обврзници за исполнување на нивните даночни обврски, го следи и анализира функционирањето на даночниот систем и дава предлози за негово унапредување, соработува со даночни органи од други држави и дава меѓународна правна помош во даночни предмети.

УЈП примарно е задолжена за управување (наплата) на:

Во изминатите години, надлежностите на Управата за јавни приходи се проширени со работите кои се однесуваат на управувањето и извршувањето заради наплата на парични казни и трошоци изречени во парнични, прекршочни и управни постапки во корист на Република Македонија, на утврдувањето и наплатата на други јавни давачки доверени со закон или по склучен договор со надоместок кој е приход на Република Македонија, на надзор над примена на Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам и постапки кои произлегуваат од Законот за минералните суровини, како и надзор над примена на Законот за финансиска дисциплина односно навременото исполнување на паричните обврски и надзор на деловните трансакции помеѓу економските оператори од приватниот сектор.

Посебноста на Управата за јавни приходи се манифестира преку нејзината значајна улога во обезбедувањето средства во Буџетот на Република Македонија со што го обезбедува остварувањето на функциите на државата, а кои во зависност од надлежностите, во последните години се движат околу 62-68% од проектираниот Буџет. Со проширување на надлежностите над наплатата на прекршочните глоби и казни и радиодифузната такса, таквиот придонес се зголемува.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија