Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Организациска структура

Управата за јавни приходи е орган на државната управа во состав на Министерството за финансии со својство на правно лице. Со состојба на 31.12.2020 година, бројот на вработените лица во УЈП изнесува 1.079.

Од 1 Јануари 2017 година, овозможено со измените актите за внатрешна организација и за систематизација на работните места во УЈП, работите од делокругот на Управата за јавни приходи се вршат преку:

  • Генерална дирекција Скопје;
  • Дирекција за големи даночни обврзници;
  • Регионални дирекции (6) - лоцирани во Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Струмица и Тетово;
  • Даночни одделенија (17) - лоцирани во Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар;
  • Даночни шалтери (7) - лоцирани во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово;
  • Мобилни даночни шалтери кои ги опслужуваат останатите општини каде не постои финансиско оправдување за нивно постојано лоцирање.

I. ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ

 (преземи го органограмот)
 

II. ДИРЕКЦИЈА ЗА ГОЛЕМИ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ / РЕГИОНАЛНИ ДИРЕКЦИИ

 
(преземи го органограмот)
 

III. ДАНОЧНИ ОДДЕЛЕНИЈA И ДАНОЧНИ ШАЛТЕРИ

(преземи го органограмот)


За повеќе информации преземете ги актите за внатрешна организација и за систематизација на работните места во УЈП:

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија