Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Човечки ресурси

Искористи го својот потенцијал . . . биди дел од тимот на УЈП!

Управата за јавни приходи претставува модел на професионална организација во јавниот сектор кој функционира на целата територија на Република Северна Македонија, како орган на државната управа во состав на Министерството за финансии.
Нашата цел е да градиме транспарентна јавна управа со квалификувани и професионални даночни службеници на сите нивоа, која ја ужива довербата на даночните обврзници и јавноста, домашна и меѓународна. Управата за јавни приходи со грижата за човечкиот потенцијал и вложувањето во професионалниот развој на човечките ресурси настојува да стане посакувано место за работа за луѓе со високи потенцијали.


Даночен службеник

Вработените во УЈП имаат статус на “даночен службеник“, односно професионална посебност утврдена со Законот за Управата за јавни приходи.
Даночните службеници вршат работи од областа на даноците и даночниот систем, споведуваат постапки и работи согласно Законот за даночна постапка и законите што ги уредуват одделните видови на даноци, како и водат постапки за сторени прекршоци за кои е надлежна УЈП.
Даночниот службеник е лице со посебни должности и овластувања, определени со Законот за Управата за јавни приходи и други закони.

Кодекс на етика на даночните службеници

Кодексот ги дефинира и подразбира строго почитување на усвоените етичките принципи на однесување на даночната администрација, законитоста, професионалниот интегритет, ефикасност и лојалност во вршењето на службените задачи.

Јавен над приватен интерес
Транспарентност
Политичка неутралност
Независност
Професионалност
Тајност на податоци
 

* Пријава за вработување (образец УЈП-ЧР-З.2-03/1) се поднесува до УЈП само во случај на објавен и активен ЈАВЕН ОГЛАС за вработување во Управата за јавни приходи.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија