Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Даночен речник - преглед по поими

Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.


Р
Работодавач

Правно и физичко лице, како и друг субјект (орган на државна власт, орган на единица на локалната самоуправа, подружница на странско друштво, дипломатско и конзуларно претставништво), кое вработува работници врз основа на договор за вработување.

 
Различни доверители

Доверителите кои имаат заложно право или право на намирување на некој предмет или права што се запишани во јавни книги (во Државниот завод за геодедски работи, Централниот регистар, во други соодветни регистри и слично), и  имаат право на одвоено намирување на тој предмет или право според закон.

(види и залог во даночна постапка)
 
Располагање со ствари

Право да се одлучува за сопственоста на стварите што ги користат државните органи.

 
Ревизор

Физичко лице кое поседува уверение за ревизор.

 
Регистар на недвижен имот

База на податоци што го води општинската администрација, администрацијата на општините во Градот Скопје и администрацијата на Градот Скопје кој ги содржи имињата и адресите на даночните обврзници, вкупната површина на земјиштето и зградите, вредноста на имотот, даночните стапки, решенијата за платен данок.

 
Регистар на подвижен имот

База на податоци што го води општинската администрација, администрацијата на општините во Градот Скопје и администрацијата на Градот Скопје кој ги содржи имињата и адресите на даночните обврзници, вкупната вредност на имотот, даночните стапки, решенијата за платен данок.

 
Регистрација на даночен обврзник

Воведување на даночниот обврзник во Регистерот на даночни обврзници кои се води во УЈП. Се евидентираат податоците за даночните обврзници добиени при регистрација, промени и бришење и други податоци добиени од Централниот регистар, од даночните обврзници, од други основни и посебни регистри кои раполагаат со податоци за остварување на право или од други органи. При регистрација на даночен обврзник се доделува ЕДБ.

(види и единствен даночен број)
 
Регистрирање на готовински плаќања

Процес на регистрирање на готовинскиот промет на даночните обврзници преку одобрен фискален систем на опрема.

(види и фискализација, фискална сметка)
 
Редовно намирување на данок

Плаќање на паричен износ на пристигнатиот даночен долг на пропишани уплатни сметки за јавни приходи, во рокови пропишани со закон.

 
Резидент

Лице кое ги исполнува еден од следните услови:

  • Местото на живеење физичкото лице го има таму каде што има живеалиште кое што го користи или може да го користи;
  • Престојувалиштето физичкото лице го има таму каде што престојува под околности од кои што може да се препознае дека не престојува само привремено на ова место. Како престојувалиште се смета местото каде што лицето престојува повеќе од шест месеци. Краткотрајни прекини немаат никакво значење;
  • Местото на управување е таму каде што се наоѓа седиштето на управување на правното лице;
  • Своето седиште правното лице го има на местото кое што е одредено со закон, статут, договор за друштво или слично.
 
Реинвестирана добивка

Добивката остварена со Годишната сметка за претходната година (добивка по оданочување), која по пат на распределба се распоредува во капиталот на даночниот обврзник и која во годината што следи, се употребува за вложувања во нови инвестиции и тоа: недвижности; постројки; опрема; компјутерски софтвер и патенти, наменети за проширување на стопанската дејност на даночниот обврзник во Република Северна Македонија.

 
Реорганизација на должникот во стечај

Процесот со кој добрата, финансиската состојба и одржливоста на претпријатието на должникот, може да продолжи да функционира со употреба на повеќе средства, утврдени со Законот за стечај, а пред се со отпишување на долгот, одложување на долгот, преобразба на долгот во удел во друштвото и продажба на претпријатието како целина или дел од него.

(види и должник во постапка за реорганизација на стечај, постапка за реорганизација во стечај)
 
Репрограм на даночен долг

Одлагање на плаќање на даночен долг, еднократно или на рати.

(види и даночен долг, даночно решение, привремено даночно решение, решение за гаранција, решение за присилна наплата)
 
Решение во даночна постапка

Даночен управен акт (види даночно решение, решение за гаранција, привремено решение, решение за присилна наплата)

 
Решение за гаранција

Даночен управен акт со кој се задолжува лицето кое гарантира за туѓи долгови - гарантот.

 
Решение за присилна наплата

Извршен даночен управен акт за наплата на даночен долг.

 
Рок во управна постапка

Претставува одреден период на време, во текот на кој треба да се изврши некое процесно дејствије или пак период на време кој треба да истече, за да може да се преземе извесно процесно дејствије.

 
Рок за уплата на придонеси

Денот на исплатата на плата или дел од плата, надоместок на плата, пензија, односно друг паричен надоместок.

 
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија