Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
Даночен речник - преглед по поими

Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.


Ф
Фактура

Секој документ кој го издава даночниот обврзник или друго лице по негов налог за извршениот промет.

 
Физичко лице

Граѓанин - потенцијален или стварен даночен обврзник.

 
Финансирање на тероризам

Се дејствија со кои се загрозува уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија, се предизвикува или има сериозна закана за предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните.

 
Финансиски извештај на трговец

Извештајот кој ги вклучува: биланс на состојба и биланс на успех, извештај за промените во главнината, извештај за паричните текови, применетите сметководствени политики и други објаснувачки белешки подготвени во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување.

 
Финансиски колатерал

Пари или финансиски инструменти.

(види и аранжман за финансиски колатерал во стечајна постапка)
 
Финансиско холдинг друштво

Небанкарска финансиска институција, чии подружници се банки или небанкарски финансиски институции, кои учествуваат во вкупната актива на друштвото со најмалку 80%, при што барем една подружница е банка.

(види и небанкарска финансиска институција)
 
Фирма

Името под кое трговското друштвото работи и под кое учествува во правниот промет. Фирмата се определува и менува на начин определен со изјавата за основање на друштвото од едно лице, со договорот за друштвото, односно со статутот. Фирмата на трговското друштво и сите нејзини промени се запишуваат во Трговскиот регистар. Фирмата на трговецот-поединец ги содржи и неговото лично име, татковото име и презиме, како и ознаката ,,ТП”.

 
Фискален заштитен знак (лого)

Идентификациона ознака отпечатена на секоја фискална сметка. Фискалното лого е формирано со ознаките сонце и пораките.

 
Фискален систем на опрема

Се состои од Фискална апаратура и Интегриран систем на управување.

(види и интегриран автоматски систем на управување, фискална апаратура)
 
Фискализација

Процес потребен за пуштање на фискалниот апарат во употреба. Тоа значи внес на потребните податоци за даночниот обврзник во фискалната меморија, нејзино активирање и ставање во функција. Од тој момент се издаваат фискални сметки, а податоците за прометот се зачувуваат во фискалната меморија.

 
Фискална апаратура

Се состои од електронски каси со фискална меморија, фискални принтери, електронски системи со фискална меморија за регистрирање на прометот на нафтени деривати на мало, преку сметачки средства за количината и потрошувачката на течни горива (бензиски пумпи, плински пумпи и сл.) и читач на платежни картички. Возачите на такси возила се должни да издаваат фискална сметка на секој свој патник преку електронски таксиметар со фискална меморија (фискален таксиметар).

 
Фискална година

Периодот на кој се однесува Буџетот на Република Македонија и буџетите на општините, и изнесува 12 месеци. Започнува на 1 јануари, а завршува на 31 декември.

 
Фискална и сервисна пломба

Жигови кои гарантираат недостапност до сите компоненти кои влијаат на фискалната фукционалност на апаратот.

 
Фискална каса

Направа за регистрирање на вкупниот промет на продадени добра, извршени услуги и висината на данокот. Преку него се врши печатење на фискални сметки, дневен финансиски извештај и контролен извештај. Овластените сервиси на фискалната каса издаваат Сервисна книшка за секој апарат во која, покрај податоците за корисникот на апаратот и за самиот апарат (тип, модел и број), ги внесуваат и податоците за техничкото одржување и сервисирање на апаратот, време и опис на секоја посебна интервенција над апаратот и податоци за времена дислокација на апаратот заради поправка.

 
Фискална меморија

Системски дел на фискалниот апарат кој овозможува единечна регистрација на податоци и повеќекратно читање на истите. Таа е дел од фискалниот модул и до неа може да се пристапи преку контролен програм. Секоја фискална меморија се означува со соодветен регистарски број, кој е единствен и не смее да се повторува. Фискалната меморија станува активна само после фискализацијата која ја извршува овластено лице од УЈП.

(види и фискализација)
 
Фискална сметка

Документ со кој се потврдува плаќањето на доброто, односно услугата издаден од фискалната апаратура. Фискална сметка при дилерска трговија е сметка која даночниот обврзник ја издава на дистрибутерот, кој е должен да ја врачи на купувачот при плаќање на цената на доброто.

(види и касова сметка за сторна трансакција)
 
Фискална стратегија

Ја изготвува Министерството за финансии за среднорочен период од три години со која ги предлага насоките и целите на фискалната политика и ги утврдува износите за главните категории на проценетите приходи и одобрените средства за тој период. Стратегијата ја донесува Владата на Република Македонија, најдоцна до 31 мај во тековната фискална година.

 
Фолио број

Број кој го доделува Управата за јавни приходи за секоја прифатена МПИН пресметка и истиот претставува составен дека на прифатената Декларација за прием и на Збирен налог за плаќање на плата на товар на сметката на еден налогодовач, а во полза на повеќе примачи.

(види и бруто-плата)
 
Фонто

Игра на среќа во која учесникот на негов повик, со исполнување и на други услови, ако се предвидени со правилата на игра доделува одреден број или друга единствена ознака или учесникот сам ја избира. Учесникот ја остварил добивката ако доделениот број или друга единствена ознака е извлечена со јавно извлекување во согласност со правилата на игра.

 
Форми на трговски друштва

Се: јавно трговско друштво; командитно друштво; друштво со ограничена одговорност; акционерско друштво и командитно друштво со акции. Трговско друштво може да биде основано само во форма и на начин определени со Законот за трговски друштва. Основачот слободно ја избира формата на трговското друштво, освен ако со закон поинаку не е определено.

 
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија