Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Даночен речник - преглед по поими

Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.


З
Забавни игри

Игри на компјутери, симулатори, видео-автомати, флипери и други слични апарати кои се ставаат во погон со помош на пари, жетони или на друг начин, како и пикадо, билијарди и други слични игри во кои се учествува со уплата, а во кои учесникот не може да оствари добивка во пари, предмети или права, туку стекнува право на една или повеќе бесплатни игри од ист вид, како и други игри од забавен карактер во кои се подразбира дека учесникот во забавните игри кој губи ги сноси трошоците за играта или каде што уплатите (влоговите) и добивката се незначителни.

 
Завршен разговор во надворешна контрола

Разговор во кој инспекторот го запознава даночниот обврзник со резултатот од надворешната контрола.

(види и надворешна контрола на даночни обврзници)
 
Задолжување

Постапка за создавање на финансиски обврски со склучување на договор за заем, издавање на државни хартии од вредност и обврски по активирани државни гаранции. Задолжувањето може да биде: долгорочно задолжување – задолжување со рок на доставување од една година и подолг од една година; и краткорочно задолжување – задолжување со рок на доставување до една година.

 
Задржан данок

Данок кој исплатителот на приходот на странско правно лице го задржува и уплатува на соодветната уплатна сметка истовремено со исплатата на приходот.

 
Заклучок во управна постапка

Со заклучок се одлучува за прашања што се однесуваат на управната постапката, како и за оние прашања што како споредни ќе се појават во врска со спроведувањето на постапката, а кои не се решаваат со решение.

 
Залог во даночна постапка

Законско заложно право воспоставено во корист на даночниот доверител - Република Северна Македонија, заради обезбедување на даночното побарување во присилна наплата на ствари или на имотни права на должникот во постапка на присилна наплата.

 
Заложно доверителство - фидуцијарно право

Законско заложно право во корист на даночниот доверител - Република Северна Македонија, што се воспоставува заради обезбедување на даночното побарување во присилна наплата, над стварите или имотните права на должникот во присилна наплата, и трае се до намирување на даночниот долг или поништување на даночното решение.

 
Записник од надворешна контрола

Даночен акт во писмена форма за резултатот од надворешната контрола. Ги содржи констатациите од контролата кои се фактички и битни за оданочувањето, како и измените на основите за оданочување.

 
Застапник со полномошно

Лице кое со полномошно на даночниот обврзник го застапува истиот, во рамки на добиеното овластување, и кое во име и за сметка на даночниот обврзник презема дејствија во даночната постапка.

 
Застарување во даночна постапка

Недозволеност на утврдување на данокот и споредните даночни давачки, нивна промена и престанок, доколку истекол рокот на застарување од 5 години, а во случај на даночно затајување 10 години. Застарувањето на даноците и споредните даночни давачки започнува со истекот на годината во која е остварена фактичката состојба.

 
Застарување на наплата

Наплатата на даноците и споредните даночни давачки застарува во рок од 10 години од истекот на годината во која данокот и споредните даночни давачки пристигнале за плаќање. Враќање на повеќе или погрешно уплатен или наплатен данок, како и споредни даночни давачки не може да се бара доколку истекол рокот на застарување. Рокот на застареност за враќање на повеќе и погрешно уплатен или наплатен данок како и споредни даночни давачки, изнесува пет години сметано од уплатата, а во секој случај по истекот од 10 години застарува враќањето на повеќе и погрешно уплатениот или наплатен данок.

 
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија