Година: 2025
Број: 01
Тип: Јавна објава
Наслов: Јавна објава за уредно доставување на прекршочни платни налози за одговорни лица во правни лица /физички лица
Датум на издавање: 04.09.2025 година
Институција: Управа за јавни приходи
Архивски бр.18-6832/1 од 04.09.2025 годинa
Врз основа на член 56 став 5 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ”, бр.96/19) и чл. 17 став 2 а и б од Законот за ратификација на Конвенцијата за заемна административна помош за даночни прашања, изменета со Протоколот од 2010 година („Службен весник на РСМ”, бр.191/19), Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје објавува,
ЈАВНА ОБЈАВА
за уредно доставување на прекршочни платни налози/одлуки за прекршок издадени од Даночната управа на Словенија, за македонски државјани - одговорни лица во правни лица и физички лица
Се повикуваат одговорните лица во правните лица и физичките лица во рок од осум дена да ги подигнат прекршочните платни налози/одлуките за прекршок по електронски пат со испраќање на е-пошта: clo@ujp.gov.mk или директно во просториите на Управата за јавни приходи, Генерална дирекција Скопје, бул. Кузман Јосифовски-Питу бр. 1, Скопје.
Со оваа објава на веб страната на органот http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, а по изминувањето на осум дена од денот на објавувањето, ќе се смета дека Управата за јавни приходи изврши уредна достава на прекршочните платни налози/одлуките за прекршок за следниве одговорни лица во правни лица /физички лица:
1
|
Никола Тодоровски
|
ул.Божидар Аџијата бр.3/2-12
|
Скопје
|
DT 1440-01103-1
|
17.01.2025
|
2
|
Мирослав Лазаревски
|
ул.Никола Киров-Мајски бр.31
|
Скопје
|
DT 71010-4910/2025-2 (10-620-08)
|
14.05.2025
|
3
|
Џенета Велиоска
|
с.Лабуништа бб
|
Скопје
|
DT 71010-12311/2024-2 (11-560-19)
|
07.10.2024
|
|