Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Преглед на образец
Барање за олеснување односно ослободување од данок на дивиденда / Claim for relief or exemption from tax on dividend
Кратко име: ЗД-О/ДИ
Тип на данок: Данок на добивка

Барањето за олеснување односно ослободување од данок на дивиденда (образец “ЗД-О/ДИ“) врз основа на одредбите од меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување се пополнува во 4 примероци: за надлежниот даночен орган на странската држава; за примателот на дивидендата; за исплатувачот на дивидендата; за Управата за јавни приходи.

Пред исплатата на дивидендата, примателот пополнува 4 примероци од барањето и ги поднесува до надлежниот даночен орган во државата на која е резидент со цел да се потврди дека е резидент на таа држава (со пополнување и заверување на делот 6 од образецот).
Надлежниот даночен орган на странската држава задржува еден примерок од образецот.
Примателот останатите три примероци од образецот ги доставува на исплатувачот, а исплатувачот трите примероци комплетно пополнети ги доставува до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи ја спроведува потребната контрола, го заверува поднесеното барање, задржува еден примерок за свои потреби, а останатите два примероци ги враќа на исплатувачот на дивидендата (за исплатувачот и за примателот на дивидендата).

За секоја исплата на дивиденда се поднесува ново барање. Управата за јавни приходи може, во случаи кога исплатувачот исплатува дивиденда во еднакви временски периоди по иста основа, да одобри олеснувања за подолг временски период.

Pdf_16   Барање за олеснување односно ослободување од данок на дивиденда / Claim for relief or exemption from tax on dividend  (652 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија