Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Преглед на образец
Пријава за промет на добра и услуги ослободен од ДДВ согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност
Кратко име: ДДВ-ПЕФ-ДО
Тип на данок: Данок на додадена вредност

Вршителот на прометот заради остварувањето на ослободувањето од плаќање на ДДВ на прометот на добра и услуги наменети за реализација на проект согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност, го пријавува прометот на добра и услуги до Управата за јавни приходи.
Пријавувањето на прометот се врши по електронски пат преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk со поднесување на Пријава за промет на добра и услуги ослободен од ДДВ согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-ПЕФ-ДО).

Сторнирање на фактура

Доколку вршителот на прометот утврди дека пријавил неточни или нецелосни податоци и износи за промет ослободен од ДДВ согласно член 24-а од Законот, треба да изврши сторнирање на Фактурата (ДДВ-ФП-ДО) за која УЈП има доделено сериски број.
Сторнирањето се врши со поднесување на нова Пријава ДДВ-ПЕФ-ДО, во која треба да се пополнат само податоците за вршителот на прометот и податоците за фактурата која се сторнира.

Сторнирање на издадена фактура се врши најдоцна до рокот за доставување на Годишната сметка за соодветниот даночен период за кој се однесува издадената фактура.

Pdf_16   Превземи го документот  (178 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија