Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
02.04.2007
Во врска со информациите објавени во текстот “Кој ги мрзи австријците?!“ (Капитал, стр. 13, 29 март 2007 година)

Во врска со информациите објавени во текстот “Кој ги мрзи австријците?!„ (Капитал/стр. 13/29 март 2007 година), каде се наведува дека на ЕСМ-ЕВН им се прават класични даночни опструкции од страна на Управата за јавни приходи...„ и воедно се коментира односот на УЈП кон конкретниот даночен обврзник, во поглед на користењето на даночното олеснување по основ на странски влог, УЈП информира за следното:

“Даночниот обврзник ЕСМ не може да користи даночно намалување по основ на странски влог за 2006 година, затоа што во истата не остварил добивка, што е законски услов за отпочнување на користење на ова даночно олеснување. Законската процедура налага УЈП да издаде привремено решение со кое му одобрува на даночниот обврзник да го користи ова даночно намалување, а решението се повикува на одредбите од законот и правилникот кои ги одредуваат условите за користење на истото.

Поради недоразбирањето од страна на обврзникот беше остварена и средба со претставниците на ЕСМ, на која од страна на УЈП беше дадено објаснување за законските одредби од кои произлегува дека не може да се користи даночното намалување. И покрај даденото објаснување, претставниците на ЕСМ се повикуваа на дефиницијата од член 8 од Законот за данок на добивка, иако тое е дефиниција за даночна основа на која се пресметува данокот на добивка. Со други зборови, даночниот обврзник смета дека со постигнување на позитивна даночна основа, истовремено се остварува условот за користење на даночното намалување, додека законот пропишува остварување на позитивен финансиски резултат од работењето, како услов.

До даночниот обврзник испратен е и писмен одговор и толкување од страна на УЈП и Министерството за финансии, во кој јасно се наведува дека законски услов за даночно намалување е остварената добивка, во смисла на позитивен финансиски резултат од работењето, како и дека членот 8 од ЗДД се однесува на даночната основа“.

Управата за јавни приходи има посебен третман кон големите даночни обврзници, меѓу кои е и ЕСМ-ЕВН. Основна цел и интерес на Управата, во рамките на законските надлежности, е даночниот обврзник да добие одговор на секое прашање и со тоа да се обезбеди правилна примена на даночните прописи, како и обезбедување на високо ниво на услуги, посебно за оваа категорија на даночни обврзници. Во последните два месеци УЈП оддржа три средби со претставници од ЕСМ, на нивно барање.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија