Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
04.03.2009
Насоки и локации за поднесување на пресметка за февруарска плата (образец “МПИН“)

Месечната пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН“) даночните обврзници може да ја доставуваат по електронски пат преку е-пошта celaplata@ujp.gov.mk или лично во даночните канцеларии на УЈП.

 

Насоки за поднесување на образец “МПИН“ преку е-пошта

Пресметките за плата задолжително да се поднесуваат, одделно, за секој даночен обврзник (еден даночен обврзник, еден маил). Декларацијата и Налогот за плаќање ќе Ви бидат доставени од УЈП на Вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата. Еднаш доставената пресметка за плата да не се праќа повторно преку е-пошта или во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи.


Даночни канцеларии и локации за поднесување на образец “МПИН“ во Скопје

За обврзниците за пресметка и уплата на придонеси со седиште на територијата на Скопје, предвидени се повеќе локации за лично поднесување на “МПИН“ и тоа:

1. Локација 1 - Регионална дирекција Скопје, ул.11 Октомври број 27, каде се организирани:

  • шалтери за прием на “МПИН“ пресметка на кои се врши само прием, а налогот за плаќање се издава дополнително (следниот ден)
  • шалтери за прием и истовремена обработка на “МПИН“ пресметка и издавање налог за плакање, класифицирани според број на вработени во “МПИН“ пресметката и тоа од 1-10 вработени, од 11-50 вработени и над 50 вработени.

2. Локација 2 - Во зградата на Централата на Фондот на ПИОМ, ул.12 Ударна бригада бр.2 (анекс до зградата на Сојузот на синдикати на РМ), каде се организирани:

  •  шалтери за прием на “МПИН“ пресметка на кои се врши само прием, а налогот за плаќање се издава дополнително (следниот ден)


Насоки за поднесување на образец “МПИН“ во даночните канцеларии во Скопје

Обврзниците за пресметка и уплата на придонеси со седиште во Скопје кои “МПИН“ го поднесуваат во даночните канцеларии, се упатуваат да постапат на следниот начин:

  • Работодавците кои имаат повеќе од 300 вработени лица, како и сите обврзници за пресметка и уплата на придонеси од секторот јавна администрација и буџетски корисници, “МПИН“ пресметката треба да ја поднесат на шалтерите на локација 2
  • Сите останатите обврзници може своите пресметки да ги поднесат на:
    - локација 1 - доколку бараат обработката на “МПИН“ да се изврши при самото поднесување и издавање на налог за плакање;
    - локација 1 и локација 2 - доколку обврзникот е согласен при прием на “МПИН“, обработката да не се врши истовремено и налогот за плаќање да се издава дополнително.

Во случај кога обработката на “МПИН“ пресметката не се врши при самиот прием, подносителот на пресметката пополнува образец “прием на МПИН пријава“ (преземете го образецот преку линкот), на кој се назначува и датумот на прием, место на прием и приемен број. Образецот е достапен и во сите даночните канцеларии.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија