Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
17.02.2009
Доставени и обработени месечни пресметки за интегрирана наплата и исплата на јануарска плата

Според последните обработени податоци на Управата за јавни приходи од 16 февруари 2009 година, пресметки поднеле вкупно 56.211 работодавци за 430.938 вработени. Од поднесените, одобрени се пресметките на 55.234 обврзници, кои се однесуваат на вкупно 416.115 вработени.

Само во текот на вчерашниот ден, последен рок за исплата на плата согласно Законот за работни односи, исплатена е плата на 72.631 вработени од страна на 10.198 субјекти.

Вкупно, со податоците од претходните денови, а заклучно со вчера, плати исплатиле 42.060 субјекти на 324.117 вработени.

Од обработените податоци произлегува дека , заклучно со 16 февруари:

  • 7,5 милијарди денари изнесува вкупниот износ на исплатена бруто плата
  • 5 милијарди денари изнесува вкупната нето плата
  • 1,2 милијарди денари одат на сметката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување
  • 575 милиони денари одат на сметката на Фондот за здравство осигурување
  • 87 милиони денари одат на сметката на Агенцијата за вработување и
  • 290 милиони денари се уплатени на име персонален данок од доход.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија