Во рамки на средбите посветени на женското претприемништво што ги организира Управата за јавни приходи, директорката Лукаревска, денес оствари средба со жените претприемачки на големите компании.
Лукаревска на средбата истакна дека е важно да се слушнат потребите и мислењето на бизнис секторот, да се разговара за тековните економски случувања како и за лоцирање на можностите кои придонесуваат за економски раст и развој на стопанството. „Вие преку вашите деловни активности ја имате реалната слика за тековните економски случувања и поради тоа, од исклучителна важност се вашите конкретни укажувања со цел подобрување на деловното работење. Со заедничко делување можеме да ги надминеме бариерите и да креираме решенија со цел создавање на поволни услови и подобра деловна клима за водење на бизнис. “ – рече Лукаревска.