Memorandum_mk
21.11.2022
ЛУКАРЕВСКА НА СРЕДБА СО ГОЛЕМИТЕ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ УПРАВУВАНИ ОД ЖЕНИ

Во рамки на средбите посветени на женското претприемништво што ги организира Управата за јавни приходи, директорката Лукаревска, денес оствари средба со жените претприемачки на големите компании.

Лукаревска на средбата истакна дека е важно да се слушнат потребите и мислењето на бизнис секторот, да се разговара за тековните економски случувања како и за лоцирање на можностите кои придонесуваат за економски раст и развој на стопанството. „Вие преку вашите деловни активности ја имате реалната слика за тековните економски случувања и поради тоа, од исклучителна важност се вашите конкретни укажувања со цел подобрување на деловното работење. Со заедничко делување можеме да ги надминеме бариерите и да креираме решенија со цел создавање на поволни услови и подобра деловна клима за водење на бизнис. “ – рече Лукаревска.

     
Присутните ја поздравија заложбата на Управата за јавни приходи за унапредување на соработката и истакнаа дека, ваквите средби, помагаат за создавање поволен деловен амбиент, а побараа нивна вклученост при носењето на даночни регулативи бидејќи на тој начин се придонесува кон стабилен и ефикасен даночен систем. Средбите со жени претприемачки продолжуваат и во наредниот период.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија