Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
17.03.2021
ДИРЕКТОРКАТА ЛУКАРЕВСКА НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕФЕКТИТЕ ОД КОВИД -19 ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес учествуваше на Конференција за ефектите од пандемијата на КОВИД – 19 врз македонската економија која ја организираше Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Здружението на истражување и анализи (ЗМАИ).

Директорката истакна дека Анализите во кои се вклучени сите релевантни економски сектори во државата од една страна и приватниот сектор претставен преку стопанските комори од друга страна, придонесуваат кон креирање на мерки и политики кои влијаат врз намалување на негативниот ефект од пандемијата кај најпогодените дејности, задржување на ликвидноста кај компаниите и зачувување на работните места.

Директорката исто така зборуваше за финансиската поддршка на компаниите за исплата на плати на работниците која се спроведе преку Управата за јавни приходи, за предизвици со кои се соочи институцијата при реализација на антикризните мерки, а даде осврт и за наплатата на јавните приходи од почетокот на оваа година до денес.

   

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија