Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
30.06.2020
ЕУ ТВИНИНГ ПРОЕКТ СО АВСТРИЈА И ХРВАТСКА “ПОДОБРУВАЊЕ НА НАПЛАТАТА НА ПРИХОДИ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ДАНОЧНАТА И ЦАРИНСКАТА ПОЛИТИКА”

Управата за јавни приходи заедно со Царинската управа и Министеството за финансии од јануари 2020 година учествува во ИПА Твининг проектот насловен како “Подобрување на наплатата на приходи и подобрување на даночната и царинската политика”. Основна цел на проектот е усогласување на даночното и царинското законодавство, во согласност со релевантното законодавство на ЕУ и најдобрите практики. Покрај тоа, проектот е насочен кон поедноставување на даночните и царинските процедури што ќе резултираат во подобрување на квалитетот на даночните и царинските услуги што им се нудат на граѓаните. Проектот ќе трае 3 години, а земјите членки на ЕУ, Австрија и Хрватска се Твининг партнери на Управата за јавни приходи.

Имајќи ги предвид клучните приоритети во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (Acquis Communautaire), помошта од земјите-членки на ЕУ ќе биде од голема корист за постигнување на понатамошно усогласување во областа на директните и индиректните даноци со сите релевантни акти на ЕУ. Поради здравствено – економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID -19, активностите од почетокот на кризата се одвиваат онлајн преку видео- конференциски работилници.

Досегашната имплементација на проектот се одвива успешно, а тоа го потврди и Делегацијата на ЕУ во Скопје кои посочуваат дека и покрај кризата проектот предизвика големо внимание и преставува пример за останатите проекти во регионов. Целокупната досегашна активност е содржана и во билтенот кој е објавен на официјалната веб страна на Министерството за Финансии на Австрија, а ќе биде објавен и во службените гласила на ЕУ.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија