Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”), Даночен биланс на непрофитни организации (образец “ДБ-НП/ВП”), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ”) и Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) за 2019 година.
Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи информира дека рокот за поднесување на обрасците “ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” и “Б, се продолжува заклучно со 24 март 2020 година (вторник).