Memorandum_mk
13.03.2020
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА “ДБ”, ,,ДБ-ВП",,,ДБ-НП/ВП", “ДЛД-ДБ” И “Б” ОБРАЗЕЦ ДО 24 МАРТ

Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Даночен биланс  на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”),  Даночен биланс на непрофитни организации (образец “ДБ-НП/ВП), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ”) и Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) за 2019 година.

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи информира дека рокот за поднесување на обрасците “ДБ”, “ДБ-ВП, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” и “Б, се продолжува заклучно со 24 март 2020 година (вторник).

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија