Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
31.12.2019
НОВИ СТАПКИ НА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД

Со Законот за изменување на законот за данокот на личен доход (Службен весник на РСМ бр.275 од 27.12.2019 година) од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2022 година НЕМА да се применуваат стапките по кои во 2019 година, се пресметуваше и плаќаше данокот на доходот за следните видови на доход:

  • Доход од работа,
  • Доход од самостојна дејност,
  • Доход од авторски и сродни права,
  • Доход од продажба на сопствени земјоделски производи,
  • Доход од права од индустриска сопственост,
  • Доход од закуп и подзакуп,
  • Доход од капитал,
  • Капиталните добивки,
  • Доход од осигурување, и
  • Друг доход

Пресметката и плаќањето на данокот на доходот за 2020, 2021 и 2022 година ќе се врши по стапка од 10%, за следните видови на доход:

Вид на доход Даночна стапка

Доход од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права, доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход

 10%

Доход остварен до добивки на игри на среќа

 15%

Со измените и дополнувањата на законот како предмет на оданочување се специфицира остварена капитална добивка од продажба на удел во инвестициски фонд. Одредбите за нивно оданочување заедно со одредбите за оданочување на каматите од орочени депозити и капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност, ќе стапат во примена од 1 јануари 2023 година.

Вид на доход Примена на оданочување

Остварена капитална добивка од продажба на хартии од вредност и продажба на удел во инвестициски фонд

 1 јануари 2023 година

Каматите од орочени депозити

 1 јануари 2023 година

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
Аконтациите на данокот на доход по одбивка се пресметуваат и плаќаат според стапката што важи на денот на исплатата на доходот, освен данокот на доход по основ на плата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој ќе се пресметува и плаќа според стапката и даночното намалување што важат за месецот за кој се пресметува и исплатува платата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија