Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
16.01.2009
Право на отпис на камати за доспеани обврски за јавни давачки и споредни даночни давачки заклучно со 31.12.2008 година

Условите, начинот и постапката за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на неплатени обврски за јавни давачки (персонален данок на доход, данок на добивка, данок на додадена вредност, даноци на имот и придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување) кои доспеале за плаќање до 31 декември 2008 година се уредени со новиот Закон за отпишување на камати на доспеани обврски по основ на даноци и придонеси за задолжително социјално осигурување (види и Правилник за формата и содржината на образецот на барањето за отпишување на пресметани неплатени камати по основ на обврски за јавни давачки).

Правото на отпис на камати даночните обврзници може да го остварат за доспеаните обврски за јавните давачки и споредните даночни давачки заклучно со 31.12.2008 година, доколку извршат плаќање на основниот долг и споредните даночни давачки во текот на 2009 година, во рамки на утврдените рокови (до 30 април, до 31 август или до 31 декември 2009 година).

Напомена: Ова право се однесува и на доспеаните и неплатени обврски за јавни давачки и споредни даночни давачки, кои на 31 декември 2008 година се во постапка на одложено плаќање или во постапка на присилна наплата.

Висината на отписот на каматата зависи од периодот на плаќање на главниот долг и споредните даночни давачки и тоа:

  1. 100% отпис на камата - ако уплатата на главниот долг и споредните даночни давачки (освен камати) обврзникот ја изврши најдоцна до 30 април 2009 година;
  2. 75% отпис на камата - ако уплатата на главниот долг и споредните даночни давачки (освен камати) обврзникот ја изврши во периодот од 1 мај 2009 година до 31 август 2009 година и
  3. 50% отпис на камата - ако уплатата на главниот долг и споредните даночни давачки (освен камати) обврзникот ја изврши во периодот од 1 септември 2009 година до 31 декември 2009 година.

Правото на отпис на каматите се остварува со поднесување на пропишан образец БОК – “Барање за отпис на пресметани неплатени камати по основ на обврските за јавни давачки кои доспеале за плаќање до 31.12.2008 година“. Кон барањето потребно е да се поднесат и следните прилози со кои се докажува оправданоста на самото барање:

  1. Спецификација за поодделните видови на даноци според троцифрените нумерации за кои постои различен период на доспеаност,
  2. Копија на решенијата издадени од соодветниот орган и
  3. Копија на даночните пријави составени за соодветниот даночен период.

Барањето со прилозите се поднесува до Управата за јавни приходи, најдоцна до 31 јануари 2009 година.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија