Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
02.05.2019
Лукаревска во Кавадарци на средба со бизнис заедницата од тиквешкиот регион

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска во Кавадарци заедно со тим од УЈП и со претседателот на Регионалната Стопанска комора Никола Наумов оствари средба со бизнис секторот од тиквешкиот регион.
Лукаревска претставниците на компаниите од тиквешкиот регион ги информираше за новите измени и дополнувања на Законите по коишто постапува Управата за јавни приходи, како и за повратот на ДДВ кон компаниите и физичките лица, новините во ваучерскиот систем, наплатата на побарувања во стечајна постапка и за даночните олеснувања при донации во спортските клубови.
На средбата стопанствениците ја информираа директорката на УЈП за проблемите со коишто се соочуваат при работењето и дискутираа за можни решенија.

“Нашата тенденција е да градиме партнерски односи со даночните обврзници. Тука сме за да слушнеме дел од проблемите со кои се соочуваат даночните обврзници во секојдневното работење, одредени сугестии, за да ја унапредиме нашата работа како главен собирач на приходите во државата” рече Лукаревска.

Претседателот на Регионалната Стопанска комора, Наумов рече дека ќе продолжат со активности со цел да се биде мост помеѓу бизнис заедницата и институциите во државата.
Управата за јавни приходи смета дека ваквите средби се од обострана корист и ќе настојува да продолжат и во иднина.

     
     
     

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија