Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28      
Recnik
23.01.2019
БРУТО ПЛАТА 2019 - НАЈНИСКА И НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2019 година изнесува 36.017 денари.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2019 година (согласно член 15 и член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2019 година изнесува 18.008,00 денари (50% од 36.017)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2019 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 576.272,00 денари (16 x 36.017)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2019 година за самовработено лице изнесува 432.204,00 денари (12 x 36.017)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) која го содржи новиот параметар.

ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА
(пресметки / исправки)
 2019 2018 2017 2016 2015 2014 2013 2012 2011 2010 2009
36.017 34.079 32.877 32.268 31.644 30.902 30.595 30.591 30.349 29.829 27.507

Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2019 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија