Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2019 година изнесува 36.017 денари.
Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2019 година (согласно член 15 и член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).
- Најниската основица за пресметка на придонесите за 2019 година изнесува 18.008,00 денари (50% од 36.017)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2019 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 576.272,00 денари (16 x 36.017)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2019 година за самовработено лице изнесува 432.204,00 денари (12 x 36.017)
Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) која го содржи новиот параметар.
2019 |
2018 |
2017 |
2016 |
2015 |
2014 |
2013 |
2012 |
2011 |
2010 |
2009 |
36.017 |
34.079 |
32.877 |
32.268 |
31.644 |
30.902 |
30.595 |
30.591 |
30.349 |
29.829 |
27.507 |
Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2019 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.