Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
14.01.2009
Продолжување на работно време за поднесување на "ДДВ-04" и "МДБ"

Заради навремено исполнување на даночните обврски и поднесување на даночните пријави за ДДВ и Месечен даночен биланс, на 15-ти јануари 2009/четврток/ (краен рок за поднесување на даночните пријави) даночните канцеларии на УЈП ќе работат со продолжено работно време, до 18:00 часот.

Даночна пријава “ДДВ-04” задолжително имаат обврска да поднесат даночни обврзници кои вршат стопанска дејност и се регистрирани за целите на ДДВ за даночен период: еден месец, тримесечије или една година.
Во Даночната пријава на ДДВ, даночниот обврзник го пресметува данокот на додадена вредност за соодветниот даночен период според вкупно извршениот промет.

Даночната пријава на ДДВ на регистрираните ДДВ обврзници им се доставува по пошта. Доколку од било какви причини даночните обврзници не ја добиле даночната пријава по пошта, истите можат да се обратат до надлежната Регионална дирекција на УЈП или пријавата да ја превземат од веб страната на УЈП - образец "ДДВ-04".

Обврзници на данокот на добивка (кои не се обврзници со посебен даночен статус: заштитно друштво за вработување на инвалиди, стопанска единица на КПУ, како и корисник на технолошко индустриска развојна зона), и доколку во изминатиот даночен/пресметковен период, искажале позитивна даночна основа, задолжително треба да поднесат Месечен даночен биланс - образец “МДБ”.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија