Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
09.12.2008
Во врска со реакциите за поврат на ДДВ

Во врска со последните реакции на стопанствениците од Велес за поврат на ДДВ, Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека враќањето на данокот се одвива редовно и со несмален интензитет согласно барањата на даночните обврзници. Само во изминатата недела извршен е поврат на данокот на додадена вредност во висина од 1 милијарда денари, што говори за неоснованост на локалните критики за централизираниот систем за поврат на ДДВ.

Имено, Управата за јавни приходи информира дека наводите на велешките фирми за ненавремено враќање на ДДВ, се спротивни на законските одредби. Повратот на ДДВ се реализира во законски пропишаниот рок, односно 30 дена од денот на поднесување на даночната пријава за ДДВ.

Во 2008 година, УЈП превзема низа активности во однос на навремен поврат на овој данок, за што говори и 45% зголемување на повратот на ДДВ за периодот јануари – ноември 2008 година, во споредба со истиот период минатата година.

Според основната определба на Управата за јавни приходи, директно да се влијае на намалување на трошоците на работењето и создавање на предуслуви за економски раст и подобрување на ликвидноста на фирмите во Р Македонија, уште во 2006 година УЈП најави и реализира навремено враќање на ДДВ. Меѓудругото, во оваа насока се спроведе и проектот “Златна Картица за поврат на ДДВ“.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија