Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
02.12.2008
Министерството за финансии и УЈП организираат обуки за работодавците за новиот концепт на пресметка на бруто плата

По повод промената на концептот на пресметка и исплата на плати и уплата на придонеси и персонален данок на доход, односно по повод преминувањето кон т.н. концепција на бруто плати на работниците, а со цел подобро запознавање на деловните ентитети за сите значајни сегменти од кои произлегуваат од законските промени, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи од 3-ти декември 2008 година започнуваат со циклус на советувања фокусирани на новиот начин на пресметка на плата, реформата на системот на финансирање на социјалните придонеси и начинот на функционирање на системот на интегрирана наплата на придонеси и персонален данок на доход. Советувањата, главно, ќе бидат наменети за работодавците, но и за сите останати заинтересирани субјекти.

Во периодот од 3-ти до 15-ти декември 2008 година ќе бидат одржани вкупно 7 советувања, и тоа во Скопје, Тетово, Битола, Струга, Штип и Струмица, со предавачи од сите вклучени институции во реформата.

Првата обука се одржува во Скопје, на 3-ти декември (среда) 2008 година, во хотел Континентал, со почеток во 10.00 часот.
 

Теми:

  • Концепт на бруто плата и реформа на системот на финансирање на социјални придонеси
  • Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување
  • Измени и дополнувања во Законот за персонален данок на доход
  • Правилник за начинот на пресметка и уплата на придонесите
  • Начин на пополнување на Образецот МПИН- Месечна пресметка за интегрирана наплата
  • Начин на плаќање на придонесите од задожително социјално осигурување, персоналниот данок и нето платата
  • Практични примери

Новиот концепт на пресметка ќе стартува од 01.01.2009 година.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија