Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
09.03.2018
ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА ДАНОЧНА ПРИЈАВА - НАД 170.000 ГРАЃАНИ ТРЕБА ДА ГИ ПРИЈАВАТ ПРИХОДИТЕ ВО НАРЕДНАТА СЕДМИЦА

Наближува крајниот рок (15-ти Март) за поднесување на Годишна даночна пријава, а граѓаните имаат уште една седмица да ги пријават приходите во Управата за јавни приходи.

Во текот на следната седмица се очекува околу 170.000 граѓани да ги пријават своите приходи во УЈП. Имено, заклучно со 08.03.2018 година, поднесени се 235.258 пријави, од кои најмногу во Скопје и тоа 86.643.
Со цел избегнување на метежите на даночните шалтери, особено во Скопје, потсетуваме дека граѓаните можат да ги поднесат пријавите и во дополнителните пунктови кои УЈП ги отвори за прием на Годишните даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром (за повеќе информации види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/629) или да ги поднесат преку Мобилните даночни шалтери кои ќе гравитираат во повеќе населени места и општини во Скопје и низ Македонија (види возен ред http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/363).


Корисни информации

Поднесени Годишни даночни пријави заклучно со 08.03.2017 година
Регионална дирекција на УЈП   Хартиени Електронски ВКУПНО
Скопје 85,900  743 86,643
Битола  30,888  78 30,966
Тетово  19,770  74 19,844
Струмица 20,829 92 20,921
Прилеп 30,300 111 30,411
Штип 46,345 128 46,473
ВКУПНО 234,032 1,226 235,258
Извор: Управа за јавни приходи

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија