Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
07.11.2008
ДЕМАНТ - “ВРЕМЕ“ (Текст: “Автопазарот заштитен со ѕид на молчење“)

Во врска текстот “Автопазарот заштитен со ѕид на молчење“ (Време, 07.11.2008, стр.5), Управата за јавни приходи ги демантира пласираните информации во јавноста дека УЈП “не сака да коментира за начинот на кој се работи на автопазарот Фершпед“ и наводните изјави на УЈП “дека се ненадлежни за фискализацијата на автопазарот“, бидејќи истите не се дадени од страна на УЈП со што е нанасена штета на угледот на институцијата и тенденциозно и погрешно е информирана јавноста за надлежностите и активностите на Управата за јавни приходи.

Имено, на доставените прашања од страна на Редакцијата на А1 за тоа кои се надлежностите на УЈП во делот на организирање на пазарите, Управата за јавни приходи достави одговор на 20.10.2008 година (користен во текстот објавен во “ВРЕМЕ“) во кои УЈП информираше дека “организирањето и работењето на пазарите на големо и мало се регулирани со Законот за трговија. Изворна надлежност, како и надзор над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз негова основа, врши Министерството за економија.“

Во ниту еден момент, надвор од овој одговор, не е дадена изјава, дека “УЈП е ненадлежна за фискализацијата“, ниту пак е изјавено дека “не сакаме да коментираме за начинот на кој работи автопазарот“, а кои очигледно во текстот новинарката паушално ги дава во име на УЈП. Земајќи го предвид доставениот одговор од страна на УЈП до А1, а користен во весникот “ВРЕМЕ“, може да се увиди дека новинарката како “гласноговорник“ на УЈП на сопствена иницијатива и во име на УЈП изнесува изјави во јавноста.

Управата за јавни приходи стои на изнесениот став, дека нема надлежност во делот на организирање и работење на пазарите, што и во суштина не е исто со фискализација. Организирањето на пазари и фискализацијата, и надлежноста на одделните институции е уредено со позитивните прописи во Македонија.

Од тие причини, а со цел транспарентно и коректно информирање на јавноста во Македонија во врска со работата и активностите на УЈП, како и целосно пренесувањето на официјалните ставови и информации дадени од страна на институцијата, Ве молиме да ја исправите грешката и во иднина да не се објавуваат и користат наводни изјави, кои не се дадени од страна на УЈП.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија