Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
07.11.2008
ДЕМАНТ - “А1“ (Прилог: “Автопазарот недостапен за инспекторите на УЈП“)

Во врска прилогот на новинарката Емилија Јовановска -“Автопазарот недостапен за инспекторите на УЈП“, кој беше прикажан во вестите на телевизија “А1“, на 06.11.2008/четврток/, Управата за јавни приходи ги демантира пласираните информации во јавноста и наводните изјави на УЈП“ дека пазарот бил неорганизиран и затоа нивни инспектори таму не правеле контроли“, со што е нанасена штета на угледот на институцијата и тенденциозно и погрешно е информирана јавноста за надлежностите и активностите на Управата за јавни приходи.

Имено, на доставените прашања од страна на Редакцијата на А1 за тоа кои се надлежностите на УЈП во делот на организирање на пазарите, Управата за јавни приходи Ви достави одговор на 20.10.2008 година во кои УЈП информираше дека “организирањето и работењето на пазарите на големо и мало се регулирани со Законот за трговија. Изворна надлежност, како и надзор над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз негова основа, врши Министерството за економија.“

Во ниту еден момент, надвор од овој одговор, не е дадена изјава, а која очигледно во прилогот новинарката паушално ја дава во име на УЈП. Земајќи го предвид доставениот одговор до А1 од страна на УЈП, може да се увиди дека новинарката како “гласноговорник“ на УЈП на сопствена иницијатива и во име на УЈП изнесува изјави во јавноста.

Управата за јавни приходи стои на изнесениот став, дека нема надлежност во делот на организирање и работење на пазарите, што и во суштина не е исто со фискализација. Организирањето на пазари и фискализацијата, и надлежноста на одделните институции е уредено со позитивните прописи во Македонија.

Од тие причини, а со цел транспарентно и коректно информирање на јавноста во Македонија во врска со работата и активностите на УЈП, како и целосно пренесувањето на официјалните ставови и информации дадени од страна на институцијата, Ве молиме да ја исправите грешката и во иднина да не се објавуваат и користат наводни изјави, кои не се дадени од страна на УЈП.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија