Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
03.11.2008
Бришење од соодветноит регистар на правните лица, трговците поединици и трговските друштва кои не се усогласени со Законот за трговските друштва

Ги известуваме сите физички и правни лица дека согласно член 31, член 32 и член 33 од Законот за именување и дополнување на Законот за трговски друштва (“Службен весник на Република Македонија, бр.87 од 15.07.2008 година) на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија www.crm.org.mk и www.crm.com.mk објавен е преглед на правните лица, трговците - поединци и трговските друштва запишани во Судскиот регистар кои до денот на влегувањето на сила на овој закон не се усогласени со одредбите на Законот за трговските друштва и на правните лица, трговците - поединци и трговските друштва кои се запишани во Трговскиот регистар, а чиишто сметки не се пренесени во деловните банки од поранешниот Завод за платен промет и истите не се блокирани.

Согласно член 32 од Законот за именување и дополнување на Законот за трговски друштва, во рок од 30 дена од објавувањето на овој оглас се повикуваат управителите, односно органите на управување на овие лица, како и доверителите да поднесат предлог за отворање на постапка за ликвидација или постапка на стечај над овие правни субјекти, и за поднесените предлози задолжително да го известат Централниот регистар на Република Македонија во писмена форма.

По истекот на рокот од 30 дена, Централниот регистар на Република Македонија ќе ги избрише од соодветноит регистар сите правни лица, трговци поединици и трговски друштва за кои нема да бидат поднесени предлози за отварање на постапка за ликвидација или постапка на стечај.

Бришењето ќе се објави на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија.

По завршување на постапката за бришење, сите средства од сметките на избришаните правни лица се пренесуваат на трезорска сметка на Буџетот на Република Македонија.


ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ
УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ
ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија